• Latest
Војо Маневски

Развејување

November 25, 2022

Изгаснат пожарот во Трубарево

September 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Уништени над 100 парчиња оружје, 4 тони марихуана и над 21 килограми амфетамини, кокаин и хероин

September 15, 2025

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Развејување

November 25, 2022 12:34
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Зимскиве утра сѐ повеќе се облечени во магловита облека. Облеката од магла е нормална за веќе студените утра, ама магловитата облека е резултат на човечките активности во односите внатре во заедницата. Природата и општеството имаат различeн аршин за мерење на брзината на времето. Во природата сe мери според природен часовник, а во општеството според неприродниот општествен кантар.

Сум забележал дека процесите во нашава држава се забрзуваат во последните месеци од годината, посебно во декември. Како да се обидуваме да ги завршиме работите што сме ги оставале цела година за некој попогоден момент. Бидејќи сме во перманентна политичка криза која се манифестира со постојана предизборна атмосфера, партиите пред Нова година ја зголемуваат брзината на своето делување. Можеби и поради наближувачките празници кога и нема да се во фокусот на вниманието, па сега брзаат да го надокнадат тоа. Резултатот е што нашиве граѓани повеќе ги препознаваат политичарите отколку актерите или пејачите и пејачките. До душа во нивото на забава некој од нив и се доближуваат до омилената забава на голем дел од нашиве граѓани – Гранд парада.

Зошто сметам дека е забрзано времето до крајот на оваа измачена година? Затоа што доверителите си го бараат својот влог, зошто и тие некаде треба да положат сметка за своето сработено. Американската амбасадорка прва го испорача чекот. Отворено негодува за парите што ги вложија во нашето правосудство. Не испорачуваме резултати и добивме жолт картон како предупредување. Има овде и нивна вина со непознавањето на нашиот менталитет, иако често знаеме да ги фалиме дека прават комплетно скенирање на состојбите и според таа слика делуваат. Сликата дека политичките екипи треба се менуваат до доаѓање на некоја генерација која го разбира нивниот јазик и методи на делување, место комунистичките номенклатури кои имаат друго поведение не се покажа точна во целост. Во тоа време изгледа тој нивниот скенер имал проблеми со резолуцијата и јасноста на сликата не е потполна и тоа поради различните менталитети. Процесот на алиенација кај нас сеуште не е завршен и колективитетите се силни. Посебно тоа е значајно кога во рамките на државата нема поголемо семејно мешање меѓу двете најголеми заедници. Новите генерации на политичари и покрај послушноста не се способни да испорачаат производ кој од нив се очекува и кој изгледа е платен однапред. Воведувањето на политиката на стабилност место демократичност нѐ доведе до оваа ситуација каде нема дивиденда од нивните вложувања. Како седење на столче кое место четири има три нозе па мора да се одржува со  рамнотежа  на седачот.

Демократијата во функционирањето на државата заснована пред сѐ на демократски донесените закони и нивно законско спроведување зависи од играчите на политичката сцена. Со идеолошките постулати врз кои треба да лежат програмите и делувањата на политичките партии – раскрстивме. Пред некој ден ја прочитав анализа за недостаток на либерални идеи во СДСМ. Добрите идеи ги создаваат само личности со голем габарит на знаење и интегритет, а пред сѐ со висока општествена одговорност за своите идеолошки предлози и резултатите од нив врз општеството. Идеи може да има и обичен партиски апаратчик, ама нивната сила е поврзана со избори или ПР преставување на активностите, до таму е и одговорноста на креаторите. Никој и не очекува денес дека овие млади луѓе што се образовани на менаџмент и маркетинг ќе понудат поиздржани решенија со важност повеќе од половина година. Затоа се постојано на некаква врска со странскиот фактор од кој очекуваат совети и предлози за постапките. Како основец кој писмената работа ја стиска во рацете пред да ја покаже на родителите за да не добие казна, иако знае дека лошо ја сработил. Писмената не е важна, туку реакцијата на родителите. Ако помине со намуртеност тогаш е во ред. Е сега изгледа не е намуртеност, туку во рацете родителот има и одредено педагошко помагало со малку подолга рачка.

Дополнителна нервоза во овој последниот месец во годинава што изминува е стравот од последиците од кризата која е неодминлива, а само се очекува колкава ќе биде нејзината длабочина. Нервозата често знае да произведе лоши решенија, бидејќи одлуките се донесуваат под температура кога мислите не се бистри. Но состојбата е таква што решенија и некои нови процеси се нужни. Овде не тврдам дека ние како општество сме подготвени на такви чекори, туку состојбите ги наложуваат како нужни. Нема бегање од реформите во државата, иако нашите естаблишменти би останале во оваа за нив комотна состојба додека можат. Кредитите мора да се вратат, а вложените средства мора да донесат бенефит. Тоа е едноставна логика на функционирањето на денешниот свет. Сакаме во друштво на државите кои се функционални и кои на своите граѓани им испорачуваат поголем стандард и перспектива. Нема да можеме да одиме по тој пат со наши балкански игри кои наликуваат на играта „табла“ каде добар дел од победата зависи од фрлените коцки. Извесноста е она што во тие држави ги привлекува нашите млади сограѓани кои нѐ напуштаат секојдневно. И симболично тие ни го покажуваат правецот кон кој треба да ја движиме државата и целото општество.

За ова време што ни преостана од потрошенава година да ги изнесеме разните мислења и идеи за да влеземе во промени кои веќе од следната година и тоа на нејзиниот почеток ќе мора да ги правиме. Веќе немаме време да ги одложуваме процесите за да се најдеме во тесно некаде на крајот на идната година кога изгледа ќе мора да се донесат одлуки кои ќе го дефинираат нашето општество и држава за најмалку една деценија, ако не и повеќе.

Нужна демократизација на партиите е една од основите за идните реформи.

Сознанието дека сегашната политичка констелација и начинот на функционирање на политичките партии во Македонија стануваат не само кочница за развојот на државата и општеството, туку се сѐ повеќе и директна опасност за опстојувањето како организирана заедница која ќе ги разрешува големиот број на проблеми кои ја притискаат.

Политичките партии не можат да дадат поттик кон целиот процес на демократизација, зошто тие не функционираат на демократски принцип со борба на мислења и ставови во двата најважни правци.

– Нема демократија во одлучувањето и во водењето на кадровската политика, туку таа зависи од желбите на лидерот и неговата околина која е формирана врз интереси и взаемни условувања.

– Во формулирањето на главните политички правци од стратегиско значење учествува мал број на лица кои ставовите ги формулираат врз влијанија на разни центри на моќ од внатре и надвор од државата. При тоа не се прават стратешките ставови како прифатлива алтернатива кај електоратот на  дејствувањето на политичкиот противник, туку се пред сѐ услов за меѓупартиска трговија  и можни договори со олигархискиот естаблишмент и разни други центри на влијание кои многу често се на некаква приватна релација со раководството на партиите.

Затоа е нужен нов Закон за политичките партии кој ќе оневозможи концентрација на моќ кај лидерите. Вклучувањето на членството во најширок опфат треба да биде интенција на законот кој ќе условува во внатрепартиските документи да се вметнат јасни одредби за начините на кои се избираат и конституираат партиските органи. Задолжително во Статутите да е прецизирано на кој начин ќе се остварува демократското начело – право на избор и право на учество во избирањето на кандидатите на сите носители на партиски функции и функции кои произлегуваат од партиска номинација. Во изборите на партиските органи да учествува најголемиот број од членството. Демагогија е широката рамака на слобода во внатрепартиското организирање. Демократските стандарди кај политичките партии мора да се со закон одредени како нужност за регистрирање на субјектот во политичката арена. Со тоа ќе станат и право на членството да биде чинител во дејствувањето на политичките партии

Втор закон што е нужен и неговото одложување може да ја чини државата и целото општество скапо во политички, економски, културен, па и социолошки план е ИЗБОРНИОТ ЗАКОН. Потполно нов закон каде Македонија ќе биде една изборна единица без изборен праг и со отворени листи. Самиот Донтов модел создава одреден минимален изборен праг кој за нашата политичка сцена е сосема доволен (околу 8-9000 гласачи). Отворените листи ќе ги натераат партиите да кандидираат познати и веќе реализирани личности со авторитет во средините од каде доаѓаат. Тоа би било многу позитивно, бидејќи ставањето на листите на лица кои потекнуваат исклучиво од партиските структури врз основа на субјективна оцена на раководството, како што е сега, доведе до претворање на Парламентот во гласачка послушна машинерија, формирана клиентелистички, која нема голем авторитет и капацитет, а за демократска одговорност кон електоратот во целост и да не зборуваме.

Третиот закон кој е нужност е ЗАКОН ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТОТ.  И сега има законска основа за следење на имотот, но нефункционалноста на институциите потполно го обесмислува. Новиот закон мора да има можности за институционална функционалност со нова институција која ќе се избира на транспарентен начин, а ќе има ингеренции како Обвинителството за организиран криминал, придружено со нужна логистика. Споредбени примери има и во денешната правна европска легислатива, а има и во правната историја за справување со општествените појави кои го загрозуваат функционирањето на државата како демократска институција, а со тоа и општеството во целост. Финансиската полиција иако беше формирана со слични цели стана стерилна институција употребувана за партиски или олигархиски интереси. Овде странските искуства, а и помош ќе биде драгоцена и веќе е на повидок таквиот предлог. Ако сега го прифатиме ќе бидеме во играта, ако тоа го избегнеме следниот чекор ќе биде заобиколување на нашите институции и директни постапки на органите на други држави. Некој треба да ги образложи документите што се потпишани во јуни оваа година во САД, а се во договорот за стратешка соработка. Папката на амбасадорката е подотворена со нејзината изјава од пред неколку дена.

Од овие кратки тези и предлози треба да се развие дебата за донесување на вакви законски проекти, кои ќе бидат основа над која ќе се направи реформа во правосудството и тоа без калкулации за нужноста од комплетен ветинг. Неопходна е и реформа во образованието и тоа не врз популистички политики за него, туку врз стручни истражувања за потребите и квалитетот на сите нивоа на образование без модернистички препишувања на разни модели кои скапо ги плаќаме како општество.

Со намалувањето на системската корупција и врз неа формираната даночна евазија ќе мора да се гради нов економски модел заснован на поплатени работни места кои бараат и подобри квалификации, што ќе овозможи постепено забавување и запирање на иселувањето на младите од државата.

Најважно е да се донесат законски проекти кои ќе почнат да ја враќаат надежта и вербата дека можеме да направиме просперитетна заедница.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: демократијадржавапартија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ