• Latest

РЕАКЦИИ: Бојкотот неоходен, повеќе на власта отколку на маркетите, граѓан(к)ите скептични дека постои граѓанска свест и чувство за заедништво

January 27, 2025
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Бојкотот неоходен, повеќе на власта отколку на маркетите, граѓан(к)ите скептични дека постои граѓанска свест и чувство за заедништво

January 27, 2025 12:19
in ЕКОНОМИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за бојкот на маркетите поради високите цени?

Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека иако бојкотот поради високите цени, како во Хрватска, е неоходен, сепак, скептици се дека е остварлив. Според граќанките и граѓаните нема доволно граѓанска свест, а можеби треба да се бојкотира власта:

Секако дека ваков бојкот е нопходен кај нас. Само се сомневам дека може да се случи зошто овој народ овде нема чувство за одговорност и заедништво. Нема чувство и за многу други работи.

Само кај нас секојдневна посета на кладилници, казина, кафани, кафиќи, бензиски пумпи е евтино, а лебот од 30 ден е скап.

Треба да се бојкотира власта, а не маркетите

Нека научат што значи последица од гласање гуски во магла за економија.

Бојкот на маркетите, меѓутоа во Македонија бојкот? Не сме ние Хрвати, ја немаме нивната граѓанска свест. Веднаш меѓусебно партиски, национално, религиски ќе се етикетираме и на сопствена штета ќе пропадне бојкотот.

Да се договори БОЈКОТ ДЕН еден ден никој да не пазари како да е НЕДЕЛА.

Во сабота купуваме дупло и за недела ,исто е ,треба маркет по маркет ,денес еден утре друг ,мада тоа не е решение , треба сиот народ пред влада

Трагедија у пм. Само да дојде пролет сите кафулиња фул, километарски колони за продолжени викенди и одмори во соседните земји.. А ваму ќе бојкотираат за табла јајца и марула за којашто треба да се плати колку едно макијато или еден хамбургер.

За бојкот да, но колку е овој народ спремен да го истера до крај?

Цените ги диктира потрошувачката и контрола на маржата од набавна до продажба цена а тоа некој не сака да работи што е задолжен туку остава се на народот.

Секој кој нема можност да ги издржи цените, тој секако прави некаков тивок бојкот со самото тоа што не влегува во маркетите и не купува толку колку што купувал претходно.

Еден ден бојкот нема ништо да промени. Треба барем неколку дена да си купуваме основно само од пазар ,ама тоа кај нас тешко ќе успее.

Не треба да се бојкотираат, туку да се пуштат уште повеќе да ги качуваат цените за да може народот да ја открие вистинската адреса на своите маки: власта!

Им збориш една работа сто пати и не те слушаат. Ама кога ХРВАТИТЕ ќе кажат – аааа, то мора да је добро. Много лепо море.

Што да бојкотира народот, основно зема 80 осто од луѓето, масло, шеќер, леб и продукти за исхрана толку се платите, а за луксузни јадења потешко.

Бојкот на тие што ја водат државата.

Бојкот во Македонија со оваа Влада е многу смешно. Ниеден нема да бојкотира.

Нема да успее кај нас.

Бојкот, да!

Б. Ј.

Tags: бојкотвисоки ценимаркетиПрашање на денотФејсбук коментари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ