Во моментот во земјата има активни. седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23.
За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари кои ќе работат за 400 евра.
Пожарите ја однесоа и првата жртва кај мостот на реката Лепенец.
ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?
Поучени од искуството од минатата година, граѓаните сметаат дека државата не е спремна и не вложува во превенција и заштита од пожари:
Колку еден може да запали сите Македонци да се пожарникари неможат да изгасат.
Место за нова опрема и камиони, тие луксуз тераат и шетање по свет.
Имам стар трактор, Фергусон, го поклонувам на владата може ќе направат ЕР Трактор од него.
Спремна ќе биде само ако купи крави.
Да, место со вода, со бензин ќе гасат.
Лани пола изгоревме оваа година цела.
Нула.
Сепак некои читатели сметаат дека сè зависи од пожарот и дали некој ги подметнува.
Зависи од силината на пожарот.
За разлика од предходната година многу поспремна а ако се подметнуваат намерно пожари никоја држава не е спремна.
Б. Ј.