ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето – Што мислите за најавата за поскапување на струјата?
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека доколку има поскапување на струјата тоа ќе биде до 3 отсто.
Граѓаните револтирани велат дека очекуваа од новата власт предводена од премиерот Христијан Мицкоски да има намалување на цените, а не зголемување.
Ви пренесуваме само дел од стотината коментари:
- Што е важно тоа? Важно е да си се горди и да чекаат, исправено, името да им го вратат!
- Не е многу охрабрувачки. Зошто би се префрлале тогаш на електрични автомобили, електрично греење и слично? Бензинот е поевтин него што беше, дрва ќе си гориме и луѓе ќе си умираат од загаден воздух и природни катастрофи предизвикани од климатските промени. Прекрасно!
- А зошто не пуштаат тогаш на зградите фотоволтаици, само готови пари од нас бараат, злобно е ние да не можеме да произведеме енергија! Не бараме субвенции, само да е дозволено. Но ќе сметаме на хидроцентралите, а?
- Се е смислено, нема потреба ние да мислиме. Една голема лага стана животот овде. ГОРДО ќе ги дочекаме сите поскапувања.
- Прашањето е, дали домашните ГАЗДИ НА ХИДРО и други централи ДОБИВААТ ЕКСТРА ПАРИ ВО ЏЕБ?
- Па ГОРДОСТА мора да се плати, таа е многу подрагоцена од струјата
- Само лажи и лажи. Ќе има поскапување, ќе нема… со свиткана кичма!
- Со новите новодојдени сметки кај мене сумата е повисока за 400 денari. Струјата веќе е покачена.
- Сега ќе ги вратат инвертерите и пак ќе сечат дрва.
- Не само струјата? Се и сешто да поскапи и тоа за 1000% ?!. Па да видиме кој ќе преживее и остани во Македонија?!
- До пензионерите, ви дадоа 2.500 денари, сега не кукајте, имате пари да си плаќате зголемена струја, вода. Бидете горди.
Д.М.