ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку им верувате на медиумите?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека или воопшто не им веруваат и сметаат дека сите одработуваат за власта или на тие што им веруваат, листата на медиуми е многу кратка. Најголем дел од одговорите беа дека не само што не им веруваат туку тие се оние што шират лажни вессти, дека немаат општествена одговорност, ниту пак имаат доверба кај граѓаните.
Воопшто не им верувам. Верувам дека се најголемите виновници за триесетгодишниот тапкање во место на Македонија!
Ама баш ич.
Јас верувам дека медиумите се инструменти на биолошката војна против нормалните луѓе!
Како може да им се верува на така наречените медиуми, кои во минатиов период не покажаа ниту тронка општествена одговорност кон најзначајните процеси?!
Голата вистина е немоќна да се спротистави на моќната машинерија со лажни вести. Така да тоа што се пласира во медиумите се сомневаме дека се вистинити вести .
Нималку, сите се поткупени, нема веќе вистински новинари
За да им веруваш намедиумите треба да си болен! Тие рекламираат сè само тоа што е здраво и добро за граѓаните НЕ!
Ја изгубија довербата.
Браво, провокативно прашање. Довербата, ако си разочаран, раѓа недоверба. А недовербата уште поголема недоверба и така продолжува до моментот кога врвен интелектуалец доаѓа до сознание, со кое си вели: МАНИ ГИ МЕДИУМИТЕ !!! ЖАЛНО, НО ВИСТИНИТО !!! Кој сфати, сфати!!!
На многу не им верувам ИЧ !! се додека влада финансира медиуми, телевизии ,а тие му возвраќаат со реклами занеа ,не можеш да пуштиш тв а да не се појави некој владин лик ми се гади.
Само на INFOMAX.mk им верувам сега. Браво.
Ви верувам вам ЦИВИЛ и на Infomax.mk .Ве следам! Од телевизии само Канал5 и тоа на „кавга кај Иван Мирчевски“.Партиски медиуми, Алфа е најлоша, вмровска забегана телевизија, нормално, газдата вмровец
На телевизиските само на Телма и 24.Воопшто не им верувам.5% (само на порталот СКД верувам 90%)
Што би рекол Бранко Тричковски, медиумите се мешаат во текот на еволуцијата на Македонецот.Им верувам само за временска прогноза.Само на вашиот, ЦивилМедиа.