• Latest

Реакции и препукувања на партиите за 20 годишнината од Охридскиот Рамковен договор

August 13, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Реакции и препукувања на партиите за 20 годишнината од Охридскиот Рамковен договор

August 13, 2021 12:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот Рамковен договор, со свои ставови и реакции се огласија дел од партиите, преку соопштенија и прес-конференции.

Од СДСМ на прес-конференција со став – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се заглавени во деструктивните политики на етнички поделби, Рамковниот договор е темел на грѓанскиот концепт кој обединува. „Охридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници. Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во поделбите на граѓаните, по етнички линии“, велат од СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение изрази жалење што ДУИ, наместо да бидат модерна зелена партија се враќаат 20 години во минатото, се расфрлаат со народни пари и тераат паради. „Жалиме што ДУИ одлучи ревносно да му служи на тој кој најпогрдно ги навредуваше Албанците, ги навредува и Македонците, а за самите нив пред украдените избори во Јули 2020 велеше дека се корумпирани и дека се криминалци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ, пак, сметаат дека  Охридскиот рамковен договор 20 години ја отсликува реалната и фактичка состојба на државата и нејзините граѓани за соживот со сите етнички заедници. Тие ја обвинија опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски дека со бојкотот на прославата на договорот влијаат кон поделба на граѓаните. Од партијата на Али Ахмети се осврнаа и кон албанската опозиција предводена од Зијадин Села и Африм Гаши, потенцирајќи дека не се „редат“ до прогресивните сили и сојузниците од САД и ЕУ, туку, како што потенцираат, позади ВМРО-ДПМНЕ.

Од коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива пак, во одговор кон обвинувањата од ДУИ, велат дека не само што не се против Охридскиот договор, туку работат да го заштитат истиот од било каква девалвација од луѓе како нив. „Ние добро ја разбираме загриженоста на ДУИ и мизерната ситуација во која тие самите избраа да бидат, по две деценискиот неуспех во спроведувањето на Охридскиот договор и во сите други сфери. Почитувани господа, претпочитавте да бидете на панелот и придружувани само од Бранко Црвенковски, Хари Костов, Христијан Мицкоски, Љупчо Георгиевски“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Охридски рамковен договорпартиисоопштенија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result