ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали извршителите го штитат законот или богатите? Какви се вашите искуства со извршителите?
Извршителите – чувари на правдата или слуги на богатите?
На официјалната Фејсбук страница на CIVIL, беше поставено прашањето: „Дали извршителите го штитат законот или богатите? Какви се вашите искуства со извршителите?“ Одговорите на граѓаните беа јасни, емотивни и унисоно гласни – постои длабока недоверба кон извршителскиот систем и перцепција дека тој служи како алатка на привилегираните.
„Се штитат богатите“
Најголем дел од коментарите укажуваат на тоа дека извршителите не се во служба на правдата, туку во служба на богатите и моќните. „Богатите, дефинитивно. Оваа власт ги штити богатите на штета на сиромашните,“ пишува еден граѓанин. Друг додава: „Само богатите,“ порачувајќи дека обичниот народ е оставен на милост и немилост.
Насилство врз сиромашните
Многу сведоштва зборуваат за преголеми казни за мали прекршоци. Еден коментатор споделува шокантен случај: „За 35 денари автобуски билет, платив 9000 денари на извршител… Насилство врз народот, има жртви колку и загадениот воздух.“
Овие коментари ја откриваат болката и револтот на граѓаните кои чувствуваат дека не само што не се заштитени од системот, туку дека тој активно работи против нив.
Недопирливи за моќните
Коментарите откриваат и чувство на нееднаквост: „Ниеден пратеник, министер, директор, службеник нема допир со извршител. Проверете.“ Се поставува прашањето – дали законите важат за сите, или само за оние без моќ?
Обвинувања за корупција
Некои од одговорите одат подалеку и отвораат прашања за корупција при доделување лиценци: „Во Министерството за правда за да добиеш лиценца за нотар или извршител се плаќа мито од 40 до 50 илјади евра!?“ – пишува друг граѓанин. Ова укажува на длабоко вкоренет проблем со интегритетот на институциите.
Политичка одговорност?
Во дел од коментарите се наведува дека целиот систем на извршување бил креиран и одржуван од политичките партии: „ВМРО ги донесе, СДС ги поддржа – извршителите се ‘сатани’ што го соблекоа народот до гола кожа.“
За сите коментари повелете оригиналниот пост на Фејсбук пејџот на ЦивилМедиа.