• Latest

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025 11:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред три дена, на 14 мај, опозициската СДСМ во Собранието поднесе предлог  за Законско решение со кое би се обезбедила финансиска помош на семејствата на настраданите и на повредените  во пожарот во Кочани. Предлогот не се усвои, односно, доби 18 гласа „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“, пратениците од власта не гласаа за законот, односно предлогот не ја доби потребната поддршка од пратениците за да се најде на дневниот на собраниската седница.

Со овој законот се предвидуваше  добивање приоритетен пристап до здравствени услуги – како за лекување, така и за рехабилитација – при што сите услуги ќе бидат покриени од државата, како во земјата, така и во странство. Исто така, се предвидуваат и измени во трудовото право: секој родител што има повредено дете да има право на неплатено отсуство.

Поддршката преку овој закон опфаќа обештетување за сите семејства што загубиле член – по 80.000 евра во денарска противвредност, како и оние кои имаат инвалидитет.

Редакцијата на ЦивилМедиа, вчера во редовниот термин за  „Прашање на денот“, го постави прашањето „ Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?“.

„Затоа што не им е гајле за народот! Парите им се планирани за патарини, дневници и стомаци ( храна и апетисани)!“, вели граѓанин во одговор.

Понатаму, граѓаните во своите одговори не ја исклучуваат можноста  дека власта ќе обезбеди помош за семејствата на настраданите и повредените во Кочани , но – пред изборите во октомври, и тоа со поголем износ на отштета, а предлогот да биде од власта.

„Ќе гласат пред избори и тоа со далеку по голема надокнада за настраданите“

„Затоа што не беше нивни предлогот, сега пред локалните избори ќе го предложат они и ќе го усвојат.“

„Секако ќе им исплати…Но со нивни предлог за износот на средствата.“, се дел од одговорите на граѓаните, што се однесуваат на тоа дека власта сепак ќе им обезбеди помош, но по свој предлог.

Според многубројните одговори од граѓанките и граѓаните, чувството дека грижата за граѓаните е сведена практична полза пред изборни процеси, односно, добивање политички поени во предизборен период, е за жал, недвојбено. Во еден од одговорите, се вели дека и пратениците од власта, и пратениците од опозицијата,  ја злоупотребуваат трагедијата …

„Не ги боли, туѓи деца, срамота“, гласи еден од одговорите.

Граѓаните преку своите одговори го изразија и незадоволството од  децениската корупција поради која и се случуваат вакви трагедии.

„Ќе им исплатат пред избори, и ќе ги обработат за да не штрајкуваат повеќе“, вели еден граѓанин.

Солидарноста, сочувството и помошта во нашето општество, посебно во вакви, незамисливо тешки трагедии, се познати – граѓаните секогаш се солидаризираат и нудат помош на тие што им е потребна, и тоа го очекуваат и од властите.

Оваа голема трагедија, во која се изгубија над 60 животи и згаснаа генерации, е последица од крајно несовесната работа на соодветните институции, високата корупција и неказнивоста, и затоа, покрај тоа што е морално, солидарно, човечки, но и политички, помош од власта мора да има. Пораките се јасни, граѓаните се свесни, политичарите – уште посвесни.

Редакцијата на ЦивилМедиа, ги охрабрува граѓанките и граѓаните да дадат свои одговори, пораки и сугестии на прашањата на денот. ЦИВИЛ  и е простор во кој секогаш можат да се обратат со свои прашања, коментари, споделување искуства, критики или пофалби.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Т.

 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ