ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе се одрази поскапувањето на струјата на стандардот на граѓаните?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека потрошувачите никој не ги прашува, важно е да се полни џебот на ЕВН и власта, а граѓаните секогаш го плаќаат цехот:
Чекајте да замине забавата со Боки и Груби после за струјата
Се знае кој е губитникот народот , кој на ЕВН му го полни џебот.
Уште поголема сиромаштија учени сме ние.
Поскапување од 0.92% е занемарливо и нема никакво влијание врз стандардот.
Тежок одговор. Другиот месец ќе кажемеМногу лошо.Окупирани од неправда.Многу лошо и одвратно за тие што не плаќаат струја.Кој ги прашува потрошувачите? Важно е да се задоволат илјадниците џабелебароши партиски послушници кои секој празник или викенд трошат девизи што власта ги зема како кредити по бреговите на грчките и албанските марини.
Прашањето би требало да гласи: Како и што треба да се направи граѓаните да имаат приближно европски плати и пензии за да не се тревожат за поскапувањето на струјата?Дефинитивно оваа власт работи да го воведе робовладетелското општество.Не, овде има само 30% граѓани, другите се вмровски патриоти кои ќе молчат и на 50% покачување затоа што владее башибозук и секој од нив заработува на некој криминален начин како во времето на Груевски. Потоа има ВЛЕН поддржувачи кои молчат и како добри коалициски партнери исто така заработуваат милиони незаконски, постојат бивши политичари дебело нафатирани од претходните мандати со наши пари и постоиме ние 30 % неми, постојано под стрес, посматрачи кои нема кој да ги организира за са ги растерама криминалните банди.
Народот во секоја смисла на зборот секогаш ја плаќа цената за државата. Отрпнавме веќе.
Б. Ј.