Цивил МЕДИА на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што треба да содржи синдикалната кошничка за да ги задоволи критериумите на Мицкоски?
Одговорите на ова прашање беа разнолики, од тоа дека фалат некои производи во таа кошничка па до тоа дека некои производи не треба да бидат вклучени во таа пресметка на цената на синдикалната кошничка. Се разбира имаше и иронични коментари како и коментари кои можеби вреди Владата да ги разгледа сериозно.
Во прилог ви пренесуваме само дел од тие коментари на граѓаните:
Ништо….ако може само лебче и маргарин…да не биде ептен на суво.
Тоа е….никој не ни е виновен… Трчавме сите да го гласаме, а тој искористи шанса. Не фати на “финта” ко да сме мали деца.
Било што само не: цреши, грозје (гројзе), лубеница, диња, праски, кајсии, кафе и по можност леб, друго може.
Што и на секој нормален човек му треба. Не се зима во предвид менито на функционерите.
Ништо од таа кошничка само го лаже народот мизерно човек без срам.
Да се додадат кралски урми од 1000 ден за килограм.
Виски, Тартуфи, Дубаи чоколади…
Тој нема ум па ќе имал критериум, како ќе му дувнат вертиштата така вергла. Нека дувне силен ветер и него и неговата кошничка нека ги однесе во неповрат.
За сите коментари во прилог оригиналниот пост до прашањето на денот:
А.М.