• Latest
Фото: Скриншот

Реакции на политички лидери од Блискиот Исток за контроверзниот план на Трамп за Газа

February 5, 2025
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Реакции на политички лидери од Блискиот Исток за контроверзниот план на Трамп за Газа

February 5, 2025 10:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Политичките лидери од Блискиот Исток реагираат на предлогот на претседателот Доналд Трамп дека Соединетите Држави „ќе ја преземат“ Газа (веројатно со помош на американските трупи)  додека Палестинците кои живеат таму треба да ја напуштат.

Како што пренесува Си-ен-ен, портпаролот на Хамас, Изат Ал Ришк рече дека коментарите на Трамп го одразуваат „длабокото незнаење“ на американскиот претседател за регионот и ја потврдија пристрасноста на САД во корист на Израел.

„Газа не е заедничка земја за која било страна да одлучи да ја контролира, туку таа е дел од нашата окупирана палестинска земја и секое решение мора да се заснова на ставање крај на окупацијата и постигнување на правата на палестинскиот народ, а не на менталитетот на трговец со недвижнини и менталитетот на моќ и доминација“, рече тој.

Генералниот секретар на Палестинската национална иницијатива, д-р Мустафа Баргути, рече дека „забелешките и предлозите на Трамп се целосно кршење на меѓународното право и претставуваат повик за етничко чистење, што е воено злосторство“.

Во Израел, забелешките на Трамп беа пофалени и од членовите на владејачката партија и од опозициските фигури. Бени Ганц, претседател на Партијата за национално единство ги нарече забелешките на Трамп „креативни, оригинални и интересни“.

Опозицискиот лидер Јаир Лапид го пофали предлогот на Трамп како „добар за Израел“, но предупреди дека деталите од планот ќе треба да се проценат.

Саудиска Арабија ја потврди својата „непоколеблива“ поддршка за палестинската држава и ја повтори својата долгогодишна позиција дека нема да се заложи за нормализација на односите со Израел без такви гаранции.

Палестинците не треба да ја напуштаат Газа додека таа се обновува, му рече во средата министерот за надворешни работи на Египет, Бадр Абделати на премиерот на палестинската управа Мохамад Мостафа.

Официјалните лица се состанаа неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за „преземање“ на Газа, во забелешки кои беа наиде на широки критики од палестинските политичари и арапските држави.

„Во однос на хуманитарната ситуација во Газа, на состанокот беше истакната важноста да се продолжи со проекти и програми за рано закрепнување, отстранување на урнатините и испорака на хуманитарна помош со забрзано темпо, без Палестинците да го напуштат Појасот Газа, особено со оглед на нивната приврзаност кон нивната земја и нивното одбивање да ја напуштат“, соопшти египетското Министерство за надворешни работи.

Трамп во вторникот им рече на новинарите дека „сите со кои разговарал ја сакаат идејата САД да го поседуваат тоа парче земја“, мислејќи на Газа и рече дека се надева дека Јордан и Египет ќе ги примат Палестинците кои ќе бидат принудени да ја напуштат енклавата.

Арапските нации долго време отфрлаат какво било принудно раселување на Палестинците од Газа и повикуваат на решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.

Драган Мишев

Tags: Блиски истокДоналд Трампполитички лидерипредлог за Газа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ