• Latest

РЕАКЦИИ: Не одат заедно јаре и паре, функционерите не треба да имаат двојно државјанство

October 23, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Не одат заедно јаре и паре, функционерите не треба да имаат двојно државјанство

Не гледам проблем во самиот бугарски пасош, туку во лицемерието. За да извадиш бугарски, или кој било друг пасош, мора да си направил и ментална, и емотивна аритметика. Тоа претпоставува дека барем делче од твоето битие носи некое бугарско самочувствие и самосознание. И повторно, тоа е благородна работа, да се доживуваш себе си како граѓанин на две држави. Неблагородното е да ги хистеризираш, или да учествуваш во хистеризирање на граѓаните против државата чијшто пасош си земал“, гласи еден од коментарите.

October 23, 2024 12:41
in ВЕСТИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за енергетика Сања Божиновска по изјавата на Илијана Јотова, која кажа дека лично ги виде нејзините документи, и таму стои дека изјавува дека има бугарска самосвест, Божиновска реагира дека земала бугарски пасош поради економски потреби, и не потпиша дека е Бугарка, туку дека тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат.

Отворениот противник на вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, Жидас Даскаловски, е државјанин на Бугарија повеќе од 20 години, објави БГНЕС. Проф. Даскаловски е советник за надворешна политика на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Тој доби бугарско државјанство по бугарско потекло во 2003 година, пасошот го обнови во 2022 година.

Следејќи ја темата, ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за функционерите со бугарски и други пасоши?

Најголемиот дел од граѓаните сметаат дека државните функционери треба да поседуваат само македонски пасош бидејќи само на тој начин ќе ги брани македонските интереси, односно нема да биде лицемерен да продава патриотизам а од друга страна да води бизниси надвор од државата со бугарски пасош.

Ви пренесуваме само дел од стотината коментари:

  • „Мајка ми е хрватица, немам хрватски пасош. Живеев во Лондон долги години, немам англиски пасош. Само македонски. Но, не гледам проблем во самиот бугарски пасош, туку во лицемерието. За да извадиш бугарски, или кој било друг пасош, мора да си направил и ментална, и емотивна аритметика. Тоа претпоставува дека барем делче од твоето битие носи некое бугарско самочувствие и самосознание. И повторно, тоа е благородна работа, да се доживуваш себе си како граѓанин на две држави. Неблагородното е да ги хистеризираш, или да учествуваш во хистеризирање на граѓаните против државата чијшто пасош си земал“.
  • „Нека си одат во земјите чии дополнителни пасоши ги имаат и таму нека стрижат о..и нам ни е доста“.
  • „Веднаш и тоа ВЕДНАШ да се отстранат од функција“!
  • „Предавници на Македонската држава!? Не одат заедно јаре и паре! По Прилепски кажано чиф и тек е твое!? Такви личности без разлика на нивните квалитети и способност не смеат да бидат преставници на државата, а уште по катастрофално да ја водат државата“?!
  • „Државен функционер и службеник само со македонски пасош“.
  • „Функционер на државна функција во Македонија не би требало да има друго државјанство освен Македонско“.
  • „Независно кој која националност е треба да има исклучиво Македонско државјанство“.
  • „Оставки и промена на Законот за влада односно функционер во влада или локална самоуправа да биде лице исклучиво граѓанин на Македонија и да има само македонско државјанство“.
  • „Нема што да мислиме ние, смислиле пред нас и треба законот да е еднаков пред секој граѓанин на оваа држава, без разлика на која функција и положба да е“.
  • „Работат за Бугарите“.
  • „Да одат во Бугарија да бидат функционери. Можда ќе се и за нас од било каква корист“.
  • „Прашање колку од нив прифатиле да работат за бугарска тајна служба“.
  • „Во Државните служби (а посебно во безбедоносните служби и АРМ) не треба да има вравботени со двојно државјанство … а тие со бугарски пасош се сигурно полојални кон Македонија од тие со косовски пасош“.
  • „Кој може да верува во човек што незнае што е? Можеби тие се “ТРОЈАНСКИ КОЊИ” во нашата татковина“.
  • „Функционерите со двојно државјанство работат за свој личен интерес, а не за државата“.
  • „Прашањето е безбедносно… Кога е поставена таа личност на одговорна функција, достапни му се податоци од безбедносен карактер. На која земја ке и изјави лојалност? Најдобро е подалеку од такви функции,да не доаѓа во искушение“…
  • „Не е проблем двојното државјанство за граѓаните без посебни овластувања и функции, но министри, советници на претседателот и други функционери, во најмала рака е загрижувачки. Ние како држава која имаме проблеми за нашата државност, нашата националност определба и слични проблеми, со сите наши соседи не само што не е упатно туку е и штетно за имиџот на државата, за сигурноста на обичниот човек, за народот што му продаваат патриотизам. Тоа не е и етично од луѓето кои поседуваат бугарско државјанство да плукаат по државата која им дала на нивно барање тоа државјанство. Или зошто да им веруваме кога веќе еднаш излажале и давале лажни податоци за своето потекло – што ни е гаранција дека нас нема да не лажат и да манипулираат со нас за остварување на нивните лични интереси“.
  • „Имаме високо мислење затоа што тие не бранат од бугаризација и лицемерството ни го продаваат како доблест“!
  • „Паметни луѓе, нив Европа не им треба, тие имаат фирми и пари во Европа, а за нас не требало да влеземе во Европа“.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ