ЦивилМедиа на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и како влијаат конфликтите на Блискиот Исток врз нашата земја?
Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека општиот став е дека војните секогаш влијаат негативно, но не толку многу директно на нас како држава.
Лошо, уништувачки за целиот свет.
Секоја војна било каде во светот влијаат на сите нас негативно!
Не влијаат затоа што ние сме внатрешно разорена земја!
Мое мислење, откако сум роден не паметам да немало војни, но секогаш најмногу влијаат во епицентарот на случувањата. Животот го туркаме нормално… доколку не избие трета светска војна, засега не е толку страшно.
Но, имаше и коментар со кој се даде поддршка на Израел, како и мислење дека планот е Балканот да се уништи, да влезе во војна, а од друга страна се проповеда демократија.
Б. Ј.