Асфалтирање улици, реконструкции на водоводни мрежи, канализации, сообраќајна инфраструктура, градење станбени комплекси, темели на фабрики, спортски сали, градинки, детски игралишта… општините и локалните власти среќни, граѓаните незадоволни.
На градежните зафати, особено оние што почуваат од темели, не ретко првата лопата е резервирана и за премиерот Христијан Мицкоски.
Сепак, во пресрет на локалните избори во октомври, за многумина граѓани оваа градежна офанзива е полнење на џебовите, перење на пари или да се види дека се работи додека всушност сè е предизборна козметика.
Предизборна козметика на фризерски начин. Ааа па идат избори сега се разработија сите.
За други читатели се работи за урбана мафија, нешто што не е ново и непознато.
Урбана мафија, најлесно перење пари.
Урбаната мафија е најголема од каде се богатат сопствениците, општините, градоначалниците…
Се собрале се експерти и коментираат, невидена политичка брука како и обично.
Но, освен што ги обезличија општините, ваквите градежни зафати се и пример за криминал и корупција.
Куманово катастрофа.
Охрид го обезличија, жално за градот.
Извор на криминал и корупција.
Уништување на минатото. Кич невиден – кајшто најдоа празно место зградурини насадија!
Без урбанистички план од фелата, премногу натрупано , без градинки, зеленило. Единствено што ги води е што повеќе да добијат од комуналии.
Б. Ј.