• Latest

РЕАКЦИИ: Проблематичниот ученик е последица на гнилиот систем кој не функционира по сите нивоа

December 6, 2024

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

РЕАКЦИИ: Проблематичниот ученик е последица на гнилиот систем кој не функционира по сите нивоа

December 6, 2024 13:20
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето – Tреба ли проблематичните деца да се бркаат од училиште или да се работи со нив?

ЦИВИЛ Медиа ја следи темата околу бојкотот на наставата во скопските основсни училишта „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче и „11 Октомври“ во Центар, поради еден проблематичен ученик од трето одделение. По итната средба на МОН и Одборот на родителите формирана е интердисциплинарна комисија за случајот.

Граѓаните со поделени мислења, некои сметаат дека треба стручните служби повеќе да работат со детето, други сметаат дека треба во посебно училиште или паралелка да учат проблематичните деца, додека трети велат дека таквите насилни деца треба или да се избркаат или да се однесат во Поправен дом, доколку родителите не можат да ги воспитаат како што треба.

Ви пренесуваме дел од стотината коментари:

  • Ако се во Македонија се бркаат, во нормални држави се помага.
  • Ако се земе предвид дека е во прашање дете, навистина дете кое има само осум или девет години, проблемот е и многу подлабок и многу поширок од надворешната манифестација на неговото однесување. Со тоа дете, кое очигледно тероризирало други деца уште од прво одделение, требало сосема поинаку да се постапува – аларм за учителката, за стручните служби во училиштето, за социјалните служби надвор од училиштето. Синергија на институции кои само заедно би делувале. Детето е последица на системот кој не функционира по сите нивоа и не е единствената, за жал.
  • Ако има регуларни институции, се ќе биде во ред. Ама лошо е што останаа со купени дипломи, и затоа ќе доаѓа уште полошо.
  • Гнил е системот. Социјалните служби се оптеретени со куп некомпетентни луѓе кои главна цел им е истополови бракови, наставниците секој ден се борат за гол опстанок, нека живеат само владините миленици со 2.000 евра плата, судии, обвинители…
  • Прашање на денот, кој знае колку деца се во слична ситуација па јавно не знаеме! Јас како родител секогаш сум од страна на децата, каде се училиштата и институциите, освен образовна имаат и ВОСПИТНА улога?! Каде се?
  • Па, зашто постојат училиштата? Да бркаат или да едуцираат деца?
  • Требa да се воспитаат родителите. Детенцето сигурно не се родило такво злочасто. Ама и педагогот и наставниците, зашто примаат плата. Не се работи само со добрите деца. Тоа е колектив и со сите деца се работи.
  • Стручните служби за тоа постојат во училиштата. Педагогот, психолог и учителката во соработка со социјалните служби со посебна програма за индивидуален пристап и работа може да дадат подобри резултати и позитивно да влијаат на проблематичното дете.
  • Во овој синџир мора активно да се вклучат и родителите.
  • Ако во догледно време нема резултат тогаш мора да се направат и здравствени психофизички анализи.
  • Не смее детето да се остави надвор од системот и да биде пуштено на стихијата.
  • Секое дете заслужува потребно внимание.
  • Многу е лесно, проблемот да се префрли на другите да го решаваат. Многу е лесно да се отстрани детето и да се реши проблемот. Секоја образовно воспитна установа има социјални работници, да се детектира проблемот и да се пристапи кон ученикот на начин кој ќе придонесе за зголемување на комуникација и враќање на тоа дете во рамките на секојдневните обврски и бенефити кои треба да ги уживаат сите деца. Колку и да е комплексен проблемот мора да постои можност тоа дете да се врати во училиштето. Во спротивно ќе треба да заврши на улица, а таму се знае која е неговата иднина.
  • Да се работи со нив секој заслужува шанса можеби понатака ќе биде поуспешен од другите деца.
  • Секако дека треба да се работи со сите, па и со проблематичните деца. Но тие проблематични деца доколку родителите не можат да ги стават “во колосек”, треба да се приберат во ВОСПИТНО ПОПРАВЕН ДОМ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ и тука да се работи со нив и сличните на нив.

Да се избркаат проблематичните деца од училиште за да немаме „нов Коста“ или да се носат во Поправен дом

  • Избркани да се работи на нив па кога ќе се подобрат да се вратат подобрени. Инаку нов Коста ќе излезе и ќе ги потепа сите. Мора казна и одговорност да има.
  • Треба да се избркаат и потоа одвоено да се работи со нив, никој не е должен да биде под стрес и во опасност.
  • На времето си постоеше институција за малолетни деликвенти, која за жал ја затворија. Во тој дом и тоа како се работеше со тие деца, психолози, педагози, драмски работилници, ликовни… Од тие деца на кои дома не можеше да им се помогне, помагаше институцијата. За жал намерно ја пропаднаа, па со инклузивноста мора секакви да трпиме. Е доста е! Во секоја нормална држава, има закон за ваквите и слични на него! Ниту едно дете не заслужува да живее во тортура, заради невоспитано мало деликвентче, кое прави што сака! Ги подржувам во целост родителите! Државава нека засука ракави и нека сработи што поскоро на овој проблем. Нека отвори домови за малолетни деликвенти. Е тогаш кога родителите ќе бидеме свесни дека некој ќе ни го одземе чедото и ние поинаку ќе воспитуваме!

Проблематичните деца да учат во посебни училишта или паралелки

  • Порано имаше соодветни училишта за такви проблематични деца, не смее да се дозволи да малтретира други деца ама и несмее да се остави без образование.
  • Треба да си учат во специјални училишта со дефектелози.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ