• Latest

РЕАКЦИИ: Провокација, простор за поделби, незрело од ВЛЕН, но и ако Мицкоски ја поддржува зошто не и ние?

October 17, 2024
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Русија ги засилува напорите за дезинформации додека Трамп се откажува од отпорот

September 10, 2025
Campaign illustration, source- Ukraine solidarity campaign

Фон дер Лајен: Секое киднапирано дете од Украина мора да биде вратено

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Провокација, простор за поделби, незрело од ВЛЕН, но и ако Мицкоски ја поддржува зошто не и ние?

October 17, 2024 14:03
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата за формирање албанска Академија на науките и уметностите? 

Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека на Академијата се гледа или како провокација, сепарација, простор за поделби, но и дека има само една академија, МАНУ, а се постави и прашањето што прават од ВМРО-ДПМНЕ:

„Јас мислам дека треба да формираат академија на уметностите, ако ептен имаат наука, тогаш да направат посебна академија на науките, искуството на Македонците покажува дека науката и уметноста не одат заедно (тука сум мртов сериозен и можам по ваше барање да го образложам оваа тврдење)“.

„…искуството на Македонците покажува дека некои персони во “МАНУ”, направија толку штета на оваа држава, што место две академии и оваа, сегашнава да ја однема би имале повеќе берикет од штета: 1. По една своја седница на Претседателството, тогашниот Претседател на МАНУ, Цветан Грозданов, изјавува: “Па не мора да одиме толку далеку во минатото, Македонија има и своја средновековна историја (кажано околу проблемот со името). Веројатно со тоа, средновеквна, наша историја, мислел, не знам, да бидеме “Цар Милутинова Македонија”, ама беља, академска, врти, сучи, поимот “Македонија” е античко наследство?

2. По него дојде академик Блаже Ристевски, кој во една своја колумна, на седумина (7) им се закани јавно дека ќе им следи кривична пријава ако и натаму пишуваат грдо за “Енциклопедијата”, за онаа, подоцна забранетата книга.

3. Нивниот предпоследен фронтмен, академик, Коцарев, пред да дојде првото (1) бугарско вето, побара да се допечати и стави во “промет” Енциклопедијата, оти тогаш, месец, два пред првото бугарско вето никој жив овдешен не типуваше дека ќе има вето (?), па така малу со таа забранета книга да направи овдешна, внатрешна белја за случајно, ако нема вето од Бугарија, барем овде, според академик Коцарев да имаме троа внатрешни етнички судири, за самите да си предизвикаме вето! За неговите, година, две, како фронтмен на МАНУ, бројни колумни, предлози да фанеме путот према “Евро-азиската Унија”, или “БРЕГЗИТ”, барем за тоа немам сомнеж, дека и “Тетовската” академија ќе не забавува со таков светоглед и визија, како овој од академик Коцарев! Бреееј цела колумна напишав, “шта чеш, фотографска меморија” кога се во прашање, нашите “Мануци”, како што на времето ги именуваше, проф д-р Ѓорѓи Марјановиќ…“

„Шовинизмот и сепаратизмот се во основата на ретроградните умови кои само’ тоа го знаат, наместо лојалност кон државата и работа и придонес за нејзин напредок! Тоа е директен удар врз унитарноста на државава, спротивно на Уставот и законите, и затоа мора да се санкционира и спречи!“

„Провокација. Колку членови ќе има таа академија? Што има МАНУ да каже за тоа?“

„И, кога ќе се отвара академијата, дали конечно ќе закачат и македонско знаме?“

„За почеток да се забрани употреба на државното албаннско знаме. Од тука одат сите проблеми….“

„Во Северна Македонија живееме заедно ама кога не се отстапува место и за некој кој живее во оваа држава тогаш е сосема секој да си бара свое“.

„До кога само ќе се разделуваме, двоиме, сепарираме, оттуѓуваме? Што мислите за Државна академија на науките и уметностите!“

„Никако, место соживот се нудат само поделби. ВО Македонија ја имаме МАНУ во кои треба да се и Медонци и Албанци и сите останати кои заслужуваат да бидат академици.“

„Веќе постои МАНУ, нека бидат членови во Ману,може и алб.академија во тирана.“

„Чиста провокација“

„Ако се за толеранција, соживот,напредок и во секој сегмент на општеството и ја сакаат Македонија како своја татковина,не им треба ни академија ни посебни факултети ,училишта,болници градинки…“

„Во една држава има само една Академија на Науките и Уметностите ако се две значи планираат федерализација.“

Несериозно и незрело од ВЛЕН. Затоа што во МАНУ има и членови Албанци.

„Оваа иницијатива за ААНУ , по мене е само отворање на пералница на пари, во која ќе можи да членуваат оние, кои немаат квалитет да бидат членови на МАНУ.“

„Никако Албанска академија во Албанија ви Македонија и тие што се Македонската академија не заслужуваат да бидат сите се пасивни ја имаат само титулата а не придонесуваат ништо за Македонија“.

„Ако ги поддржува Мицко зошто не и ние“

„Тоа е дефинитивно поделба на Македонија. Иницојаторите под хитно да си ги сносат последиците. Што спијат институциите“.

„Албанска колку што знам си има во Албанија/ТИРАНА а со оглед на тоа што и знамето и грбот и дијаспората им се сеалбански, зошто тогаш и академијата во Тирана да не е сеалбанска, а можеби и е. Од друга страна, досега не сме слушнале за академска дискриминација во МАНУ па нејасно е зошто се покренува прашањето. Воедно ме интересира, како тоа си замислиле генијалците од ВЛЕН, финансирањето да биде реализирано од општините каде градоначалници се нивни сопартијци. Со чии пари, општински кои се добиваат од буџетот или од донации. Ако е првото, мора да си играат мајтап со владата, а ако е второто, нека си регистрираат приватен академски клуб. Ем нема да дигаат тензија ем академиците ќе бидат богато наградени. Која шарада“

„Ова е земја каде секој прајт што сакат, па така по тој пример ќе бидиме земја на Ачбанска, па после и Турска, па Српска, па Бугарска и на крај Ромска академија. Република Северна Академска Македонија“.

„Јас сум за тоа сите Академии на науки и Невладини организации да бидат на волонтерска основа, а не со премногу дебели хонорари“.

„Од премногу такви Академици и Невладини ни е преку глава, а државата од нив нема ама баш никаква корист и затоа сега сме онаква држава каква што сме-за никаде…“

Ова личи на турли тава со странски зачини, односно предигра за формирање на конфедерација, доколку не се успее со конфедерација тогаш ќе се оди на сецесија…(дае далеку)…

„Тогаш и Македонците во Албанија да формираат Македонска академија“.

„Албанска академија може да има во Албанија. Никаде во свет нема во една земја академија на друга. Ова е непочитување сепаратизам?“

„Наместо да направат нешто за албанското население подобро здравство, образование, ит., населените места… на обичниот граѓанин што и да е по вера и нација му се побитни основните социјални потреби, а не во отсутво на таква понуда, подгревање на причини за раздор“.

„Прашајте ги ВМРО и ЗНАМ“

„Ни случајно две академии во една држава! Зар до толку да се делиме?“

„Провокација со задни намери. За поени кај албанските гласачи, но и за агендата на Касами и тие зза кои обработува. Неспособен градот да го исчисти, па се потерал квази научници да исквачи“.

„Албанска Академија на Науките и Уметностите има во Тирана Албанија и не е потребна уште една“.

„Како не сваќа народот дека сега сме Република со две влади“

„Оваа иницијатива е антидржавен и антимакедонски чекор“.

Вмровците спијат или така им одговара…90% од раководството се со бугарски пасоши!

„Аууу, па овие што се черечат најмногу проти Бугарија,значи само глумат.Опасна глума, до каде ќе не однесат…?“

„Овде ке и дадеме друго име ” Академија на Албанците во Северна Македонија.”

„Една Албанска академија на науки постои во Албанија, паралелна друга академија е глупост!“

„Ќе формираме само руска академија со америчко знаменце и еуропцко тркалце со индиско оревчета“.

„А што мислите, да се рестартира цела држава и се да си биди како што треба?! СЕ на Македонски и ако на некој не му се допаѓа, има излези и граници ќе ги испратиме“.“

Б. Ј.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Албанска академија на науките и уметноститеПрашање на денотФејсбук коментари
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ