ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за студентските протести во Србија?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека граѓаните даваат целосна поддршка на српските студенти да се изборат за подобро општество.
Ви пренесуваме дел од коментарите:
-
Најважен мирновременски настан на Балканот.
-
Почеток на крајот на Вучиќ! Подршка!
-
Пријатно изненадување. Интересен надграден пристап, во барањата. Октомври и овде се бараше промена на личност и владеечка партија. Барањата таму сега се насочени кон системско институционална примена и поделба на одговорност …
-
Значи на промена на колективната свест дефинитивно најголемата придобивка.
-
Браво за нив само што тешко се менуваат институциите за да работат законски без корупција, прво треба да се смени свеста и совеста кај народот. Исто важи и кај нас за жал.
-
Голем отпор кон режимот, невидена позитивна енергија на студентите и несомнено српскиот народот, се раѓа Нова Србија, умира четничка Србија, ова може да биде пример за заздравување на Балканот, ако се оздрават оние малкуте други балкански криминални политичари, ПОТПОЛНА ПОДРШКА НА НОВА И ЗДРАВА СРБИЈА.
Меѓу коментарите имаше и неколку љубители на Вучиќ кои пишуваа „зошто студентите не одат кон Косово“, како и дека „студентските протести во Србија се копија на „Шарената револуција во Македонија“ за да се сруши тамошната легитимна власт“.
Д. Муратов