ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето – Што мислите за црвените линии на Мицкоски?
Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел порача дека земјата е подготвена да разговара за сите принципиелни прашања во интерес на граѓаните, меѓутоа нема да ги помине црвените линии.
Поголемиот дел од коментарите на граѓаните се дека црвените линии се всушност невидливи линии, односно линии за манипулација и изолација на Македонија од ЕУ.
Ви пренесуваме дел од коментарите:
- Кои црвени линии, се што работи е против иднината на државата и ропство на граѓаните.
- Мене црвените линии на ВМРО повеќе ми личат на бели линии…
- Со црвената секогаш оди и црна, ама за неа не се зборува….
- Тоа се ЛИНИИ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА, инаку во суштина се тоа безбојни линии кои можат да се фарбаат по желба нечија.
- Тоа се зелени линии или линии на зелен човек, сеедно!
- Измислени од некој друг од надвор, Мице само ги пласира, да не именувам од кого може да се претпостави.
- Доцна е чеда божји, претходните „трговци ја завршија работата“ назад нема, напред ѕид. А со глава ѕид не се поместува.
- Браво само така да продолжи доста се отстапки.
- А кому тој поставува црвени линии! Да сум на нивно место би ја затворил Македонија ко котар и би и наметнал санкции од прв ред.
Д. М.