• Latest

РЕАКЦИИ: Во Скопје нема јавен превоз, има јавно малтретирање на граѓаните

November 20, 2024
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

РЕАКЦИИ: Во Скопје нема јавен превоз, има јавно малтретирање на граѓаните

November 20, 2024 12:14
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за јавниот превоз во Скопје?

Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека скопјани  се незадоволни, сметаат дека јавниот превоз е катастрофален, а препукувањата меѓу градоначалничката Данела Арсовска и премиерот Христијан Мицкоски, односно ВМРО-ДПМНЕ мора да се решат. Тие се прашуваат дали воопшто може да се зборува за јавен превоз во Скопје и бараат итно решение:

Доста со политика! Навистина превозот во Скопје е катастрофа ова не било вака ни пред 30 години.

Незнам дали некој ќе преземе нешто или вака ќе не дриблаат цела зима. Сега ни треба решение веднаш! Не ме интересираат партии. Владата заедно со градоначалничката да си ка вршат работата а не да се прават на Тошо.

Нема јавен превоз ќе одиме пешки таква ние државата не мисли за граѓаните брука и ќе одиме во европа срамно и жално

Катастрофална состојба, производ на лоша политика внатрешна и надворешна.

Можеш да мислиш за нешто што го има. Во Скопје нема јавен превоз. Има јавно малтретирање. Битно е Македонија е горда.

Треба да се направат бесконечни движечки ленти во прозирни тунели над главните улици или тротоати со сихронизирано истовремено сопирање на сите станици, со скали за качување и симнување. Во Веро Џамбо има таква лента. По аеродромите и сл. Може да има и брзи тунели без ленти само вр база на брзо движење на воздухот како кај прависмукалките: влегуваш во тунелот во Ново Лисиче како прашинка и системот на впмукување те носи во Ѓорче за две минути!

Скопје е нефункционален град по сите параметри, не е само превозот. Од административна организација, улици, градби, нема каде е добро нешто. 20 год се даваше во касата на градот за трамвај, самопридонес се викаше. Сега не може да се направи зошто трасата е целосно неизводлива, неплански е градено, ретко каде има подземен катастар, пренаселен е градот. Требаше и позади Рамстор да има тунел ама не знам што стана. Со градски превоз проблеми секогаш ќе има зошто не се мисли на општо добро, се мисли на бизнис, провизија. Добро беше решението за БТР ама не се спроведе од инает.

Ако може да се нарече превоз. Секој ден неизвесност незнаеш дали ќе стигнеш кај што си тргнал ,a за враќање да не зборниме. Повеќе пешки се оди , а си платил месечен билет однапред. Владата да си го реши проблем од под итно. Нека пијат они неколку дена со автобус да видат како е.

Штом народот стои чека и трае значи добро им е … Да случува некаде во друга држава немаше никој од градот да седи во фотели …

Зарем има јавен превоз во Скопје?!?

За децата да не ни мрзнат,треба сите да дадеме подршка на протестот во ПЕТОК 13:30 сите пред Град Скопје.

Јавниот превоз во мојата населба Шуто Оризари е организиран на перфектен начин благодарение на Арсовска и на владата на РСМ.

На автобуските постојки наместо автобуси стојат диви таксисти кои до Пошта и до Бит Пазар наплаќаат по 50 денари од човек. Автобусите се атракција,ако видиме автобус ќе се израдуваме како да ни дошол Дедо Мраз од Лапонија.

Никогаш не бил најдобар каква градоначалничка таков превоз.
Б. Ј.
Tags: јавен превозПрашање на денотСКОПЈЕФејсбук коментари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ