• Latest

Реакција на НАкС за изработката на нов Етички кодекс на УКИМ

February 24, 2021
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Реакција на НАкС за изработката на нов Етички кодекс на УКИМ

February 24, 2021 10:45
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира што Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ почнала постапка за изработка на нов Етички кодекс, а нацрт-текстот деновиве е доставен само до дел од вработените на единиците на УКИМ. Исклучени од процесот се и синдикалните организации, иако приложениот Нацрт-Етички кодекс, како што велат, експлицитно уредува права и обврски кон нив.

Поради тоа, НАкС вчера доставил мислење за Нацрт-Етичкиот кодекс до органите на УКИМ, а во допис до јавноста наведува кои се клучните проблеми со текстот и процесот на изработка на Кодексот. Според овој синдикат,  нејасно е зошто Ректорската управа почнала со изработка на нов кодекс, без претходна анализа и став со образложение од Управа или одлука на Сенатот. На голем дел од наставниците и вработените во единиците на УКИМ, посочува НАкС, не им е доставен нацрт-текстот, ниту пак се известени за започнатиот процес.

– Предложениот текст главно забранува, а не регулира односи врз база на етички вредности. Тој е репресивен во неговата суштина и оневозможува квалитетна расправа и критика, којашто е особено важна во високообразовна институција. Според текстот, основа за покренување постапка против прекршител на Кодексот се дела кои се подложни на арбитрарна проценка и толкување, како што се повреда на угледот на Универзитетот, неговиот интегритет, итн. Нацртот оди до таму што имплицира дека синдикалното здружување и другите форми на здружување на членовите на академската заедница се неетички, во случај кога раководните органи на Универзитетот ќе се произнесат дека нивните активности го повредуваат достоинството на Универзитетот и единиците. Овие одредби претставуваат јасен обид да се спречи јавното делување на членовите на академската заедница, надвор од официјалната догма на органите на УКИМ, наведува НАкС.

Според Независниот академски синдикат, на овој начин сериозно се загрозува правото на слобода на говор, мисла и уверување и се ограничува правото на слободно здружување на членовите на академската заедница. Наместо автономен универзитет кој обезбедува простор за дебата и критика во сопствената средина, УКИМ, велат од НАкС, ќе се претвори во авторитарна институција, која го потиснува различното мислење.

Според нацртот, посочува НАкС, комисии ќе постапуваат по претставки за прекршување на Етичкиот кодекс, но во самиот текст не е предвидена постапка за докажување на евентуалните прекршувања ниту, пак, е предвидено правото на одбрана и жалба. Пријава за утврдување повреда на некој од начелата на Нацрт-Етичкиот кодекс на Универзитетот може да поднесат само раководните лица, но не и работниците.

-Во Нацрт-Етичкиот кодекс не постојат одредби за тоа кој има право и како да пријави кога член на раководен орган: Ректор, Декан, директор или друг од позиција на моќ, ќе постапи неетички, дискриминаторски или ќе изврши некакво вознемирување, наведува меѓу другото НАкС, оценувајќи дека понудениот текст за Етички кодекс на Универзитетот е „омаловажувачки за академската заедница и спротивен на Уставот, ратификуваните меѓународни договори и релевантните закони“ и нема одредби кои обезбедуваат основна заштита на слободата на научната мисла и слободата на говорот – основите на едно демократско општество и слободен универзитет.

Во реакцијата НАкС бара од Ректорската управа и Сенатот на УКИМ овој Нацрт-Етички кодекс да биде целосно отфрлен и да се отпочне постапка во која ќе бидат вклучени Сенатот и единиците на УКИМ уште од самиот почеток на постапката. Во спротивно, како што информира, ќе ги искористи сите механизми за одбрана на достоинството на академската заедница.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ