• Latest
nor

Реал њуз: „Торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион

October 27, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реал њуз: „Торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион

Според „Реал њуз“, вториот и „уште поголем проблем за Атина“, би бил доколку на изборите на 12 април 2020 победи ВМРО- ДПМНЕ, „кое не е воопшто расположено да го имплементира договорот“.

October 27, 2019 14:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
nor

nor

Share on FacebookShare on Twitter

Имплементацијата на Договорот од Преспа во однос на ерга омнес употребата на новото име и веројатноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите на 12 април 2020, се точките за кои Грција изразува загриженост по Самитот на унијата, според грчкиот весник „Реал њуз“ (Real news).

Во текстот под наслов „Атина е загрижена за случувањата на Балканот“, новинарот, ја анализира ситуацијата во регионот по Самитот на ЕУ и француското вето, но и ставовите на Грција за темите кои директно ја засегаат.

-Директното прашање што произлегува за Атина е имплементација на Договорот од Преспа. Ерга омнес виси во однос на државните документи на Северна Македонија што се издадени пред ратификацијата на договорот, бидејќи предвиден е преоден период што е поврзан со отворањето на пристапните поглавја. Јасно е дека без датум за почеток на пристапни преговори, Скопје нема никаква обврска за промена на документите, пишува весникот.

Според „Реал њуз“, вториот и „уште поголем проблем за Атина“, би бил доколку на изборите на 12 април 2020 победи ВМРО- ДПМНЕ, „кое не е воопшто расположено да го имплементира договорот“.

-Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, до сега, никогаш го нема употребено терминот Северна Македонија. Дипломатски извори проценуваат дека ВМРО нема да го поништи договорот, што секако е основа за членство на Северна Македонија во НАТО. Сепак, сметаат дека ќе почне процес што веќе го има поминато Грција со Времениот договор, односно Скопје континуирано, онаму каде што може,  да го прекршува Договорот од Преспа, пишува новинарот.

Во однос на земјите од Западен Балкан, по исходот од Самитот на ЕУ, весникот пишува дека „торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион. А аналитичарите и дипломатите на кои што се повикува, се согласни дека негирањето на 27-те земји од унијата да одредат датум за Албанија,  „а особено за Северна Македонија значајно го намали зрачењето на ЕУ“.

-Според дипломатски извори, заедничкото чувство во сите земји од Западен Балкан беше дека „не не сакаат и треба да видиме што ќе правиме“. Ова не е добро за Европа, но генерално не е добро за Грција. Како што објаснуваат искусни дипломати, по Самитот во Солун, европската перспектива на земјите од западен Балкан е најважната алатка во односите на Грција со овие земји, објави грчкиот весник.

Новинарот во анализата, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека по одлуката на Европскиот совет се отвора патот за „вмешување на трети земји како што се Русија, Кина, но и Турција, која континуирано се обидува да ги зајакне базите во регионот“ / МИА

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ