• Latest

Ребалансот во собраниска процедура, најавена поддршка за повисоки плати и побрз економски раст

September 20, 2019

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ребалансот во собраниска процедура, најавена поддршка за повисоки плати и побрз економски раст

September 20, 2019 09:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка за повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација, повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување и повисоки стапки на економски раст најавува новата министерка за финансии Нина Ангеловска со ребалансот на Буџетот кој веќе е во собраниска процедура.

Таа вчера пред пратениците рече дека со ребалансот на Буџетот се обезбедува распределба на поголем дел од јавните приходи кај граѓаните, директно се вложува во потребите и потенцијалите на луѓето и се дава силна финансиска поддршка на бизнисот за отворање на нови работни места.

Ангеловска, на која ова е и прв значаен документ што го елаборира пред пратениците, истакна дека за нешто помалку од три месеци за првпат на граѓаните ќе им бидат вратени и пари преку проектот „МојДДВ“ кој почна да го реализира оваа власт.

Според неа, трендовите во економијата се добри, а растот за годинава е ревидиран на 3,2 проценти, но веќе следната година се очекува да се интензивира и да изнесува 4,2 отсто, додека во 2021 година да достигне до пет проценти.

– Македонија е во првите 10 земји во ЕУ и регионот според ставката на раст на БДП. Проектираниот БДП за оваа година беше ревидиран нагорно на 3,2 отсто. Тој веќе има реализација од 3,6 проценти во првото полугодие. Нашиот економски раст го препознаваат и интернационалните институции. Меѓународните финансиски институции го ревидираат растот во нагорна линија, рече Ангеловска.

За опозицијата, предложениот ребаланс ја покажува неефикасноста на Владата и нефункционалноста на институциите. Забелешки имаат и на реализацијата на капиталните инвестиции, на проектот за субвенционирање на платите и на проектот „МојДДВ“.

– Овој ребаланс е последица на ниското ниво на реализација во одредени сектори и на преземањето мерки кои се последица на нефункционалност на институциите. Едноставно институциите не функционираат на потребното ниво. Нешто треба да преземете во менаџирањето со капиталните расходи и тоа како опозиција ви го предочуваме постојано, рече вчера пратеникот Драган Цулев од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачкото мнозинство излезе со поддршка на ребалансот бидејќи според нив тој е направен со цел да се подобрат преформансите на Буџетот во полза на граѓаните.

– Приходите се намалуваат за 297 милиони денари, односно за 0,1 отсто. Ова е убедливо најмала корекција на приходната и расходната страна, а важно е што изворните приходи се зголемуваат за 360 милиони денари, што е показател дека економијата е стабилна и дека создава услови двигателите на економијата да ги регулираат своите обврски. Тоа ми дава за право дека и тоа како вреди овој предлог да се поддржи, истакна пратеникот Панче Иванов од СДСМ.

Ребалансот ќе биде тема на расправа и во следните денови. Пратениците во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе расправаат за проекциите во ребалансот, а за него се поденсени и 391 амандман. По комисиската расправа тој треба да се најде на усвојување на дневен ред на пленарна седница.

Ребалансот е така скроен што во него се одвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активните мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ…Поради слабата реализација на одредени капитални инвестиции од иницијално планираните 25,9 милијарди денари, намалени се одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација. Вкупното намалување на капиталните инвестиции изнесува 50 милиони евра. Предвиден е и трансфер за Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, односно 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ