МедиаАрт клуб -Велес на Младинскиот образвовен форум, во текот на вчерашниот ден пред Домот на НВО во Велес, го организираше јавен настан “Reborn Yard”. Преку овој настан се изврши интервенција во јавниот простор, поточно се изврши репарирање и менување на покривната конструкција на летниковецот кај Домот, се изврши фарбање на неговата конструкција, како и на клупите и постоечката маса. Исто така, се изврши покривање на ѕидот на зградата од Домот на НВО кој беше нагрден со невкусни графити на фасадата на истиот.

Целта на настанот беше со цел подигање на свеста кај граѓаните за уреден и чист јавен простор, искористување на јавниот простор и негово разубавување. Покрај членовите на Медиа Арт клубот во Велес, преку овој настан се мотивираа и вклучија членови од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ и Друштвото на родители за грижа за здраво поколение.
Освен разубавување на јавниот простор, се промовираа и волонтерски вредности, со што се испрати позитивна порака во локалната заедница.

Настанот беше поддржан од Општина Велес, која во наредниот период ќе постави корпи за отпадоци, ќе ја доуреди бекатонската патека и ќе го заменат уличното осветлување. ЈКП Дервен, пак, ќе ја обработат земјената површина и ќе ја оплеменат хортикултурно.

Медиа Артклубот – Велес е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност.. Предавањата во МедиаАрт клубот ги држат млади луѓе со искуство во различните модули.Во моментов постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Куманово и Битола кои активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантните и кои се од интерес на самите членови.
Д. Ристов











