• Latest

Речиси 25 милиони евра за опрема која ќе се набавува долгорочно

June 8, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Речиси 25 милиони евра за опрема која ќе се набавува долгорочно

June 8, 2019 12:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Игор К. Илиевски

– Ќе преземеме мерки за балансирана распределба на буџетот во одбраната со цел да ги намалиме персоналните трошоци до 50 отсто, да ги зголемиме трошоците за операции, одржување и обука до 30 отсто и да го зголемиме буџетот за опремување и модернизација на 20 отсто. Ова ќе се постигне преку комбинација на зголемување на буџетот, намалување на персоналот и воведување на финансиски ефективни процеси на управување со ресурсите – стои во последниот Стратегиски одбранбен преглед, донесен минатата година.

Поради зголемувањето од 99,5 (2018 година) на 135,1 милион евра, структурата на годинешниот буџет е многу поблиску до препораките на НАТО. За персонал годинава се предвидени вкупно околу 72 милиони евра или 53,2 отсто од буџетотза одбрана, а за опремување околу 18 отсто или 24,4 милиони евра, двојно повеќе од лани.

Тоа се нагласува и во Стратегискиот одбранбен преглед (СОП):

– Ова дополнително финансирање ќе овозможи набавка на вооружување и опрема, за што деталите ќе бидат утврдени во Долгорочен план за развој 2019-2028 кој ќе следува по СОП.

Во министерството велат дека Долгорочниот план за развој на одбраната, чиј дел е и планот за опремување и модернизација, е подготвен и треба да се најде на дневен ред на некоја од следните седници на Владата. Ова го потврди и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која за следната година најави 20 отсто од буџетот за опремување.

– Долгорочниот план за развој на одбраната е готов, очекуваме наскоро да биде усвоен од Владата и со тоа уште еднаш ќе ја потврдиме одлучноста за издвојување на 2 отсто од БДП за одбраната, а веќе од следната година ќе издвојуваме 20 отсто од одбранбениот буџет за модернизација на Армијата – вели министерката.

Во септември минатата година Владата усвои информација за подготвување на Планот за модернизација на АРМ, во кој се опишани генералните потреби од вооружување и воена опрема.

– Приоритет во опремувањето и модернизацијата имаат декларираните сили за НАТО/ПзМ (Партнерство за мир) активности прифатени во рамките на НАТО Процесот на планирање и преглед (PARP), вклучително и Лесната пешадиска баталјонска група како најголема декларирана борбена единица со која Република Македонија придонесува во НАТО базенот на сили– соопшти тогаш Владата.

Министерката Шекеринска изјави дека 11 милиони евра ќе бидат наменети за опремување на специјалните сили.

За да ја опреми само Лесната пешадиска баталјонска група, на АРМ ѝ требаат меѓу 34 и 40 пешадиски борбени возила или оклопни транспортери.

– Според сегашните цени, еден чини меѓу 2,5 и 3 милиони евра, но само како платформа, без целосно вооружување и опрема – вели друг висок извор во Министерството за одбрана, вклучен во процесот на подготовки за членство во НАТО.

Оклопните транспортери само за еден баталјон би чинеле меѓу 80 и 120 милиони евра, или во најевтината варијанта на АРМ би ѝ требале најмалку четири години за со својот буџет да ги купи само транспортерите за еден баталјон.

За целосно да се опреми сегашната механизирана пешадиска бригада на АРМ, која има четири баталјони, ќе бидат потребни меѓу 136 и 160 оклопни транспортери, што би чинело од 340 до 480 милиони евра само за платформите-возилата без вооружување.

– Ќе бидат потребни најмалку десет години за да се плати сета неопходна опрема за декларираните единици– оценува изворот.

Според проценките на Министерството за финансии, со растот на буџетот на одбраната АРМ ќе дојде до сума од 40 милиони евра годишно за опремување.

Според Стратегискиот одбранбен преглед, на АРМ ѝ требаат и тактички комуникациски систем, инженериски машини и опрема, опрема за сајбер-одбрана, воени транспортни возила, орудија за посредна огнена поддршка, индивидуална и колективна опрема за атомско-биолошко-хемиска одбрана и балистичка заштита, опрема за извидување, разузнавање, набљудување и определување на цели, комуникациска опрема…

– За набавките имаме едноставен принцип – на прво место е човекот. Плаќањето на опремата ќе биде долгорочно, поделено во неколку години – вели функционерот вклучен во процесот на финансирање.

Со таквиот приод кон крупните набавки, министерството „воскреснува“ еден систем, воведен уште со реформите во 2004 година, кој цела деценија беше запоставен – системот за планирање, програмирање, буџетирање и извршување (ППБИ).


Прочитајте повеќе:
И пензиите стануваат „трошоци на одбраната“
АРМ со нови „фондови“ за пензии и оружје и нови правила за трошење

Утре ќе читате: Се носи нов закон и се враќа стар систем за набавки


Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската влада.

Print Friendly, PDF & Email
Share63Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ