• Latest

Речиси 50 отсто од сметководителите биле болни од КОВИД, бараат пролонгирање на роковите за годишните сметки

March 5, 2021

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Речиси 50 отсто од сметководителите биле болни од КОВИД, бараат пролонгирање на роковите за годишните сметки

March 5, 2021 12:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на пандемијата вкупно 49,2 отсто од сметководителите имале КОВИД, а над 54 проценти од нив биле болни во најкритичниот период, од декември до март, покажува онлајн анкетата што ја спроведе Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори.

Комората денеска на прес-конференција пред Министерството за економија јавно праша дали и по овие бројки институциите ќе останат на ставот да не се пролонгира рокот за годишните сметки и финансиските извештаи.

-Од вкупно регистрираните 10.000 сметководители, над 4.900 биле заболени од КОВИД. Од нив, 2.660, сега, поради нелогичното инаетење на институциите, се приморани да мислат за запазување рокови и по цена на живот. Фрапантните бројки не запираат тука. Воопшто не е за занемарување и бројката на колегите кои иако не биле заболени, биле во изолација поради членови на семејството, клиенти или колеги. Дури 65 отсто или 6.500 се изјасниле дека сериозно бил нарушен текот на работа од оваа причина. Дали после овие бројки министерот ќе донесе разумна одлука за пролонгирање на роковите или и натаму ќе продолжи да го негира уставното право на секој граѓанин – правото на боледување, останува да видиме, рече Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората.

Согласно законските можности, нагласи Андреева, пролонгирањето може да биде до 31 март 2021, без измени во Законот.

-Нашето првично барање, со измени во Законот, беше пролонгирањето да биде до 30 април за хартиено поднесување и до 15 мај за електронското, но изминаа сите реални можности за законски измени и затоа сега се повикуваме на она што е веќе постоечко во актуелниот Закон, дополни Андреева.

Таа повтори дека сите проекции што ги прави државата – за иден можен раст на економијата, каде да се инвестира или кој сектор напредува, а кој назадува, зависат од податоците кои ги доставуваат токму сметководителите во финансиските извештаи и годишните сметки.

– За какви статистички податоци зборува министерот кога поради нивниот игнорантски однос години наназад, цела професија тивко умира. Од непреченото извршување на оваа дејност зависат сите економски процеси. Со неточни податоци од старт имаме погрешна, неточна основа за погрешни проекции, подвлече Андреева.

Комората на сметководители подолго време наназад реагира до министерствата за економија и за финансии со барање да се пролонгираат роковите за завршните сметки и извештаи.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ