• Latest

Референдум за среќата

September 17, 2018
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Референдум за среќата

September 17, 2018 16:05
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Лица залепени тил до тил, уво до уво, брада до брада, бледи, зашеметени, поспани и збунети, се гледаат на уметничкото дело  на Евелин Вилијамс -„Луѓе што чекаат“. Лица што се прилепуваат од чело со врат, едно врз друго. Лица на живи мртовци, свртени кон небото, протерани во исчекување. Лица потпрени на своите сенки од зидови, во фатално и несакано исчекување. Свенати, со подуени очи и расеани погледи, збунети и заробени во стравот и желбата по занесот во потрага по среќата, без никакво сознание каква би можела да биде таа: еден рефрен, реалност, или манипулација.

Пишува: Латиф Мустафа

Лица сплотени на едно место, час се чинат сиви, час помодрени, час бледи. Обвиткани со пенетрирачка темнина. Зад нив се простира иднината, мистериозна и темна. Пред нив се гледа транспарентното минато, кристално чисто. Тие ја чекаат иднината без да се свртат барем еднаш во нејзин правец, затоа што се цврсто залепени за минатото, историјата, со видливото и извесноста. Овие лица наликуваат на некаква заедница со нијансирани и не толку јасни идентитетски припадности, но сепак на овие лица зрачи некаков дух на взаемна симбиоза, на разочараност, индиферентност и беда. Луѓето на Евелин Вилијамс, сме ние,  опиени во исчекување со лица исправени кон небото, чекаме на „референдумот на среќата“, како фалбаџиски епитаф.

Референдумот на 30 септември е демократски акт за легитимирање или нелегитимирање на новиот Договор помеѓу Грција и Македонија, со цел – членство во НАТО. Оваа состојба предизвика една јалова дебата поврзана со позиционирањето на камповите што се „за“ и „против“ договорот. Понатаму, Договорот се интерпретира како една „хамлетовска“ дилема, на едно граѓанско позиционирање и најинтригантото што се крие зад овој референдум – „среќата“. Овој референдум над секое интерпретирање наметнува еден вид одговорност и општествена колективна вина во случај на неуспех, што всушност е апсурдно. Што навистина значи еден референдум и каква поврзаност има вистината со бројките?

Вистината никогаш не е со масите, туку со поединецот, вели Киркегард. Плуралноста на вистинитоста на нештата во себе не содржи голема вистина. Уште помалку кога нашите вистини се во поголем случај дилеми и мислења отколку што се вистини. Пропагандата ја разбираме кога привремените вистини пробуваат да се прикажат како универзални вистини прифатливи за масите. Масите не можат да одредат што е вистина, што е вредно, и уште помалку, што е убаво. Но, колективите со високо ниво на аудиенција – коишто логицираат – можат да одредат преку консензус и политичка дебата за заедничкото, јавноста и нормативата. Преку овој консензус, сè што може да постигнат, не е само среќата како тотална хармонија, туку спречување на претворањето на хармонијата во хаос. Кога веќе се наоѓаме на работ на социјален, културен и политички хаос, општествениот консенсус е можност за поставување на премисите за преформулирање на хармонискиот концепт и неговото повторно поставување. Хармонијата во овој случај подразбира повторно поставување на нештата на свое место. Следствено, припадноста и компактноста креираат правдина, односно го креираат редот на нештата.

Референдумот на 30 септември не носи среќа, туку нè товари со потешки одговорности за јавните прашања. На „условниот“ одговор, што ќе се постави на референдумот, нормално дека секој може да одговори според сопствената вистина. Вистина условена од дилемите што ги отвори Договорот со Грција. Најистакнатата дилема е таа за идентитетот. Еден дел од македонската јавност Договорот го смета за распаѓање на досегашниот  македонски идентитет и интервенција на Грција во внатрешните прашања на Македонија, додека, на друга страна, еден дел од јавноста, албанската – и покрај безрезервната поддршка што ја изрази албанскиот политички естаблишмент – мислат дека преку овој референдум се цементира малцинскиот и (не)државнотворниот статус на Албанците. Секој има право на свое мислење како и право да си го изрази истото, меѓутоа, овие дилеми не се директно поврзани со референдумот како политички акт. Тоа што следи по референдумот, треба да крене немири. По референдумот ќе треба да има парламентарни избори, коишто ќе им претходат на уставните промени. Одговорноста за овие промени ќе падне врз новиот парламентарен состав. Покрај будноста при изборите, треба да имаме и желба да им помогнеме на тие што ги избираме, преку критика, протести, до бунтување и граѓанска непослушност, без да потклекнеме пред типологијата на европскиот популизам. Во сите околности треба да бидеме критичка јавност, и никако конформистичка маса.

Приемот во НАТО е условен со овој референдум. Нормално, како дел од НАТО, државата ќе биде материјално подредена на Алијансата, и Алијансата, во рамките на  членот 5  – Колективна одбрана ( Collective Defence), е должна да ја брани секоја членка, преку против-терористичката ќелија и кибернетската заштита. Исто така, НАТО ќе се посвети на пропорционалното етничко застапување на граѓаните во воените структури. Добар пример за тоа е и интервенцијата на шефот на НАТО за создавањето на Косовската армија, без измени во Уставот, така што и ден денес се бараат посебни српски полкови внатре во армијата, дури и во високата командна хиерархија се бара присуство и на воени лица од српско потекло. Албанците, како и другите етнички заедници, по зачленувањето во НАТО, ќе бидат позастапени во армијата. НАТО, секако се зазема и за еднаквата родова застапеност во армијата, што е многу важно за унапредувањето на правата и слободите на жените во Македонија и за ова постои посебен полк.

На крајот на краиштата, референдумот е прагот, или почетното тестирање што ни го поставија „чуварите“ на граѓанството. Дури може да се каже и дека е условување, но само – во душа – корумпираните може да се условуваат, и никако слободните суштества со слободна политичка волја. Секако, не треба да се биде наивен во однос на геополитичките интереси на глобалните актери, политичките актери никогаш не треба да се перцептираат како хомогени, затоа што во нивното хетерогено балансирање на силите се вклучени и мултинационалните корпорации, на коишто слободно може да се стави моќниот критични акцент. Референдумот треба да помине, но не за атер на дискредитираните политичари што го спроведуваат овој процес, и не заради меѓународниот конформизам, туку заради една единствена цел, да се биде дел од една поголем јавен простор и да се испочитува референдумот како демократски акт и слобода на изразување на политичкиот израз.

Лицата на луѓето, како во сликата на Евелин Вилијамс, на крајот од овој марифет, ќе спласнат и ќе се изгубат некаде. Некои ќе поцрвенат, а некои други ќе си ги затворат очите. Темнината што се простира зад главите ќе се претвори во изгрејсонце. Сепак, уште долго време, лицата како ловци на утешението ќе останат со поглед свртени кон небото во исчекување на референдумот за среќата.

Илустрација – Евелин Вилијамс – „Луѓе што чекаат“

Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.

 

Tags: ЕУНАТОодлукапредизвикреферендумсреќа
Share65Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ