Новиот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски истакна дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името. Деркоски, кој на чело на комисијата доаѓа на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека членовите на ДИК во оваа ситуација не можат да заземаат политички ставови туку треба да ги почитуваат законите и Уставот.
Одложено е давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) пред претседателот на Собранието на Република Македонија што беше закажано за денеска.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги откажа своите активности во Македонија за да присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.
Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности, констатираа од Државниот инспекторат за животна средина и надлежен државен инспектор за животна средина, по извршените мерења.
Македонија во јануари 2018 година имала 2.075.300 жители наспроти 2.073.700 во истиот период лани, посочуваат резултатите од истражувањето за популацијата што го објави Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат.
Д.М.