• Latest

Реформата на јавниот сервис клучна за реформирање на целиот медиумски простор

May 31, 2018

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реформата на јавниот сервис клучна за реформирање на целиот медиумски простор

May 31, 2018 14:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нема вистински реформи во медиумската сфера без сериозна реформа на Македонската радиотелевизија, што подразбира нејзино партиско ослободување и професионално работење. Одржливото финансирање е услов за политичка независност на јавниот сервис, но не и единствен зашто трансформација во влијателен медиум и во вистински сервис за граѓаните зависи од подеднаква заложба на повеќе фактори – и однадвор, но и во самата медиумска куќа.

Ова е еден од заклучоците од денешната дискусија  „Предизвици за реформи во Македонската радиотелевизија“ што ја организираше Здружението на новинарите на Македонија.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека препораката од ЕК е политичка и финансиска независност на јавниот сервис, но дека и власта и опозицијата тоа го попречуваат.

– Власта ја напаѓа финансиската независност на МРТ, а опозицијата се обидува да ги задржи своите партиски војници. Владата во изминатиот период силно упадна во системот на финансирање на МРТ, беше укината радиодифузната такса и се воведе финансирање преку Буџетот. Таа мерка ни беше претставена како привремена, а притоа обемот на средствата е намален за 50 отсто. Ако МРТ во 2016 година имаше околу 20 милиони евра буџет, без да навлегуваме како се тие потрошени,  во првите шест месеци од оваа година МРТ има околу 10 милиони евра, рече Селмани, прашувајќи како може да се направи посилен и попрофесионален сервис со помалку пари.

Се чуди, рече, и од односот на опозицијата зашто добила можност со новите измени на законот да го контролира начинот на избор на луѓето кои ќе влезат во Програмскиот совет, а од друга страна, рече, го блокираат законот. Според него, со инсистирањето да се задржи директорот на МРТ, ВМРО-ДПМНЕ е непринципиелна и не помага МРТ да се реформира. Забележа и што опозициската партија поднела 70 амнадмани на законот за медиуми а ниеден не е суштински и не се однесува на финансирањето на МРТ.

– Тоа е интервенција со која би помогнале да се создаде посилен јавен сервис, рече Селмани.

Директорот на МРТ Марјан Цветковски бил поканет на дискусијата но отсуствуваше. Новинарката на МРТ и член на УО на ЗНМ, Фиљана Кока, рече дека најголем проблем во нивната медиумска куќа е инсталирањето партиски новинарски кадар што, рече, се практикува од 1996 година.

– Од тогаш МРТ е во ропство и се додека не се ослободи од политиканството, што е погубно за јавниот сервис, излишно е да се зборува за реформи, рече Кока.

И Зоран Фидановски, член  на ААВМУ, со став дека се додека јавниот сервис се третира како изборен плен, ќе нема суштинско подобрување.

– Затоа силно инсистираме централно место во медиумските реформи да има јавниот сервис и да функционира барем како оние од соседството. Одржливото финансирање е заднина на се. Добар старт ќе бидат 30 милиони евра годишно, рече Фидановски.

Дејан Георгиевски од Центарот за медиуми. исто така, смета дека финансирањето е клучно.

– Дури и два отсто од минатогодишниот буџет се најверојатно премалку пари ако сакаме јавен сервис по меѓународни стандарди и од она што им треба на граѓаните кои, инаку, досега никој и не ги прашал што сакаат. Сегашното решение за финансирањето можеби е стабилно и предвидливо на среден рок, но не и долгорочно, затоа што ни оддалеку нема да биде доволно, рече Георгиевски.

Според директорот на Македонската информативна агенција-МИА Драган Антоновски, парите се нужни, но решението за МРТ не треба да се бара само во власта, која било, во законот или од она што ќе се наметне однадвор, туку и од ангажманот и волјата на сите што работат во МРТ.

– Има и други агли кои треба да се потенцираат. Решение за МРТ има, но под услов да е од сите страни зашто тоа е повеќеслојно. Треба да се има волја – првин државата да ја ослободи од себе, и секој да вложи во неа. Прва и основна работа што мора да се направи е департизација, а второто е влогот во неа. Но, тука не е само државата, туку пред се вработените и тие кои ќе ги вработуваат. Законите се само алатка која спречува некаква ахархија, но важна е волјата од внатре што може да се направи и како може да се спакува. Дали постојано ќе се чека решението од надвор што ќе ни кажат или одвнатре ќе имаме некаква револуција за новинарските стандарди, рече Антоновски.

Во однос на  МИА, рече, од неговото доаѓање пред неполна година бројот на вработени е ист, платите се непроменети и неатрактивни, но дека заложбата за поинаква и пофункционална организираност на Агенцијата – според професионални стандарди и ослободеност од политика и партиски притисок, придонела повеќе од 40 проценти да се зголеми продукцијата и дека МИА сега ја пренесуваат 99 отсто од медиумите, како што рече – и проопозицски, и независни, и провладини.

За квалитетот во информирањето на МРТ потребна е и развиена дописничка мрежа и дописни центри во сите 30-ина урбани средини во државата.  Според податоците од анализа за источна Македонија, МРТ во тој регион со околу 150.000 домаќинства има само тројца вработени дописници, што е помал број и од најмалата локална телевизија. Не е активен  ниту еден дописен центар зашто тие се изнајмени или станале  угостителски објекти.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: јавен сервисМИАМРТреформирешенијаЦентар за медиуми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ