Внатрепартиската иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе пружа правна помош во случаи кога членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со притисоци од новите локални власти.
Според соопштението, Реформистите формирале тим од правни советници кои ќе обезбедат првични правни насоки и консултации за сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок (мобинг, отпуштање од работа и сл.) од новите локални власти низ општините во Р. Македонија.
„Сметаме дека на сите наши сопартијци и поддржувачи во овој момент потребно е да им се пружи почетна насока и консултација од правен аспект, со цел понатамошно остварување на нивните права во соодветни постапки пред надлежните судски или управни органи во Република Македонија.
За таа цел, ги известуваме сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дека секоја недела во периодот од 12:00 часот до 15:00 часот во просториите на Клубот на новинари ќе можат да се состанат со правниот тим на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, и, доколку има основаност во наводите, да добијат соодветна првична правна помош, насока или консултација, без надомест.“ – соопштуваат Реформистите.