Од направени се 2.744 тестирања во изминативе 24 часа, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје регистрирани се 180 позитивни на Ковид, во Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод – по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Струга, Неготино, Крушево и Пехчево – по 1.
Од починатите, три лица се од Скопје (87г, 78г и 62г) и по еден починат од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
– Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој
Термин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови, се наведува во соопштението на Министерството.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.