• Latest

Рекордни 2,4 милијарди евра извоз во Германија, соработката се продлабочува

June 2, 2018
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рекордни 2,4 милијарди евра извоз во Германија, соработката се продлабочува

June 2, 2018 11:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година трговската размена со Германија изнесувала 3,2 милијарди евра, од кои 2,4 милијарди евра се извоз од Македонија, што е историски највисоко ниво.

Во првите три месеци позитивниот тренд продолжува со 16 проценти раст на извозот кон Германија, што е показател за добрите владини политики. Сепак соработката може уште повеќе да се развива, преку иницијативи за поврзување на компаниите, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на бизнис приемот, организиран од Фондацијата Фидрих Еберт, Министерство за финансии и Град Скопје. На приемот присуствуваше германскиот пратеник Метин Хакверди, а се обратија и заменик претседателот на Владата Радмила Шеќеринска и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

– Традиционално македонско-германската економска соработка е силна. Германија е најзначајниот партнер на Македонија во стоковата размена. На наше големо задоволство, кај трговската размена имаме нагорен тренд. Имено, во 2017 година имаме историски највисока размена во износ од 3,2 милијарди евра, односно раст од скоро 13 проценти во однос на претходната година. Имаме и највисока стапка на раст на извозот кон Германија од 2,4 милијарди евра, или 15 проценти повисока во однос на 2016 година. Овој тренд продолжува и во првото тримесечје од 2018 година со раст од 16 проценти, истакна министерот за финансии во своето обраќање.

Како што посочи Тевдовски, инвестициите од Германија во последните десет години изнесувале околу 250 милиони евра, но потенцијалот е многу поголем за вложување на германските компании во земјава. Министерот рече дека Македонија може да понуди квалификувана работна сила и добра бизнис клима.

Тевдовски истакна дека и токму ваквите иницијативи, како Бизнис приемот, се добри за продлабочување на соработката.

Во своето обраќање Тевдовски истакна дека Владата е посветена на евроинтеграциските процеси и спроведување на реформите.

– Владата посветено работи на приклучувањето на Македонија кон Европската унија. Работиме на реформскиот процес, имаме стратегија и план за реализација, а за само една година имаме и конкретни резултати и крупни промени. Од аспект на јавните финансии, Македонија е лидер во реформите од сите земји аспиранти за членство. Тоа беше констатирано и истакнато минатата недела во Брисел на Економско-финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција, рече Тевдовски.

Тевдовски истакна дека транспарентноста е значително зголемена, јавниот долг е ставен под контрола, додека инвеститорите ја вратиле довербата во македонската економија.

(МИА)

Tags: Министерство за финансииТевдовскитрговска разменаФондација Фридрих Еберт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ