• Latest

Tренчевска: Се залагаме за создавање на похумано општество во кое сите граѓани имаат еднакви права, можности и третман

May 31, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Tренчевска: Се залагаме за создавање на похумано општество во кое сите граѓани имаат еднакви права, можности и третман

May 31, 2022 12:48
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги посети домовите на двајца корисници на услугата помош и нега во домот и притоа доделија решенија за користење на оваа услуга, преку Проектот Сервис за стари- „Центар се грижи за возрасните“.„Грижата за граѓаните, со посебен акцент на ранливите категории на граѓани е врвен приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока, креираме политики, стратегии, преземаме мерки за поддршка на оние граѓани на кои помошта им е неопходна. Затоа што секој еден граѓанин има право на достоинствен живот“, рече министерката.

„Проектот оваа година започна од 12.05.2022 година, од кога и ги примаме барања за доделување субвенција, а ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на општината. Сите детали како услови, начин и потребна документација за аплицирање, граѓаните можат да најдат во јавниот повик, објавен на веб страната на Општина Центар“ изјави Градоначалникот на Општина Центар.

Градоначалникот ги повика сите граѓани кои имаат потреба од нега во домашни услови да поднесат барања и станат корисници на помош од медицински лица, физиотерапевти, негуватели, социјални работници и психијатри во своите домови.

Тренчевска додаде дека на околу 90 стари лица над 60 години возраст кои се жители на Општина Центар, ќе им биде обезбедена помош и поддршка во секојдневните обврски од страна на негователи, како и  услуги од физиотерапевт, медицинска сестра и психолог.

„Со децентрализацијата социјалните услуги ги приближуваме до граѓаните во нивното место на живеење. Истовремено, ги ангажираме и тешко вработливите лица од заедницата кои низ процес на обука се здобиваат со лиценца за помош и нега во домот. Придобивките се двојни. Обезбедена помош и поддршка на оние на кои им е потребна и работна платена ангажираност и излез на тешко вработливите лица на пазарот на труд,“ изјави Тренчевска.

Министерката порача дека Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика неуморно се залага за создавање на похумано општество  во кое сите граѓани имаат еднакви права, можности и третман.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ