Ѕидот помеѓу средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“ во Струга е изграден поради правна поделба на имотот, а не заради етнички тензии. Директорките на овие две средни училишта не сакаа да зборуваат пред камерата на ЦИВИЛ Медиа, но велат дека во нивните училишта нема никакви етнички проблеми и недоразбирања.
Во минатото, во средното училиште „Нико Нестор“ имаше неколку тепачки на ученици од македонска и албанска националност, по што биле воведени одделни етнички смени. По кратко време етничките смени се укинати и наставата се одвива во мешани смени.
Ѕидот е поставен и поради безбедност на учениците, бидејќи граѓаните кои што живеат во непосредна близина слободно поминуваа низ училишниот двор.
Директорките на училиштата, но и граѓаните од Струга со кои разговараше екипата на ЦИВИЛ се категорични дека етнички проблеми како во минатото, повеќе нема во училиштата.
Овие две училишта се пример за мултикултура, едно општесво за сите, каде што се почитуваат различностите.
Диана Тахири
Обработка на текст, камера и монтажа: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски