Една од најреномираните меѓународни организации Репортери без граници излегоа со силна осуда на рускиот ракетен напад врз хотел во градот Краматорск во источна Украина во кој загина британскиот државјанин Рајан Еванс, 38-годишен безбедносен консултант за новинската агенција Ројтерс. Според властите, неговото тело било извлечено од урнатините по неколку часа обиди на спасувачките екипи. Повредени се и најмалку четворица медиумски работници, од кои еден потешко.
„Го осудуваме смртоносниот напад на Русија врз Рајан Еванс и му изразуваме сочувство на неговото семејство“, изјави Мартин Каул, портпарол на одборот на Репортери без граници (РСФ).
Тој рече дека и овој напад сведочи за тоа дека известувањето на руската војна против Украина останува крајно опасна задача за новинарските екипи.
„Смртта на Еванс е потсетник дека известувањето за војната на Русија против Украина останува крајно опасно. Русија мора да ги идентификува одговорните. Новинарите се заштитени со меѓународното право во вооружените конфликти“, изјави Каул.
Рајан Еванс е дванаесеттиот медиумски работник кој е убиен на задача од почетокот на руската агресиа врз Украина во февруари 2022 година. Повеќе од стотина украински и меѓународни медиумски работници беа повредени, пишуваат од Репортери без граници.
Нападот се случи на 24 август, а меѓу жртвите има државјани на Украина, САД, Летонија, Германија и Обединетото Кралство. Ројтерс утредента ја потврди веста барајќи повеќе информации за нападот, вклучително и преку соработка со властите во Краматорск и ги поддржуваме нашите колеги и нивните семејства
Б. Ј.












