• Latest

Република Мизерија

November 6, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Република Мизерија

November 6, 2018 14:45
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вие кои влегувате тука, откажете се од сите надежи“ – Данте Алигиери, Божествена Комедија

А што да правиме ние што живееме тука?

Дијана Тахири

Исчезнуваат малолетни деца, неделно по едно, барем според објавите на социјалните мрежи. Секојдневно се бара парична помош за болни лица, за коишто нема спас во Македонија. А за лекување  надвор од земјата потребни се прилично големи парични средства, коишто ги немаме. Непотребно е да се објаснува зошто ги немаме. Секојдневни сообраќајни несреќи, тепачки, сексуално насилство врз малолетници, проституција на малолетници, семејства со мали дечиња без покрив над главите, населби со луѓе коишто „живеат“ без основни  животни услови во 21 век – вода. Има уште, три дена да пишуваш, ама многу писатели, а малку, или ич дејство или одговори.

Последно од црнилата на нашето секојдневие е девојчето што почина во водите на Вардар во Гостивар, бегајќи од улични кучиња.  Еден млад живот згасна, девојчето веќе не постои, освен во увидот и извештајот на МВР, уште едно име испишано на уште една издадена  умреница во низата од млади непроживеани животи во мизеријава од држава. А ние ќе пишуваме, ќе бараме виновници, ќе браниме, ќе зовријат социјалните мрежи, ќе повикуваме на одговорност, ќе продаваме искуства, ќе се напише по некој проект ( бидејќи е актуелно па може да пројде кај странците), ќе ги поврземе сите можни и неможни точки и паралели со задкулисни игри на некоја политичка партија, ќе морализираме до запенување и точка на нетолеранција кон сè што е спротивно на наше ( мое/твое) мислење и став, ќе не слушне господ со мало г, бидејќи Господ со големо Г е резервиран само за верниците што се верници само затоа што се плашат од делата на тој Господ, но не и од последиците на своите дела, и ќе одиме во рајот. Се до следната трагедија, најверојатно веќе за неколку дена. Профитерство од секаков аспект, егоцентрични изјави, колумни, пресови, настапи, соопштенија – на ова сме сведени, самоиницијативно.

Веќе неколку недели ми стои отворен еден документ со почната (5 реченици) колумна. Секој ден  ми снемува по еден збор, и се надоместува со понекоја нова уникатна мисла, за да ја снема и таа, во вителот од нови сознанија и случувања, како и од некои не баш толку нови, добро установени прикази од нашето секојдневие – општествени, социјални, политички. И денес немам зборови, освен дека сè што прочитав, слушнав и видов до пред половина час, би можело да се стави на „лист хартија“ собрано во десетина реченици и заклучок дека се давиме во мизерна трка по читаност, гледаност и рејтинзи на сите таканаречени медиуми, вклучувајќи го и највлијателниот – социјалните мрежи.

Народ што е заситен од мизерија, се крева против истата. На нозе, по улици, не влегува во своите домови, туку влегува во домовите на творците на сопствената добробит, и туѓата мизерија. Народ што е незаситен од сеирџиство и туѓа беда, ќе продолжи да живее во Република Мизерија!

 

Share50TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ