• Latest
Илустрација: Зоран Кардула

Република Северна Македонија – едно општество за сите

November 10, 2020

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Република Северна Македонија – едно општество за сите

Политичко партиската бирократија е уште препотентно превисоко над обичниот човек и неговото секојдневие.

November 10, 2020 11:30
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Илустрација: Зоран Кардула

Илустрација: Зоран Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

Институционалната поставеност на македонското општетсво втемелена во македонскиот устав, денес е еталон, образец, примерок, дефиниција на државна конституција која на сите нејзини граѓани базично им нуди еднаквост и рамноправност. Сепак, засега само доминантно легислативно, но …

пишува ЗОРАН ИВАНОВ

И како единки и како колективитети, ние некаде припаѓаме. Сите без исклучок. Посебно во овој се по глобален свет. И тоа од мали нозе до највозрасни возрасти. Во училишниот клас бевме, а и сега денешниве деца се единки во колективот. Во извидничките, скаутските одреди, во средите училишта и на факултетите,  во  работните ангажирања во компаниите, во спортските клубови и спортските терени и во културно уметничките друштва. И како дел од колективот и се до публика на трибините на спортските терени или на концертите или на татарските престави или на верските обреди во црквите или во џамиите, сеедно. Секој посебно со своите погледи, убедувања, страсти, карактери и во организираниот колектив и во толпата, сепак природно, секој си е свој и единечно посебен.

Ете, толку е едноставно да се разбере и да се препознае, да се легитимира индивидуалното во нас. Да се има сопствен печат како личност и воедно, како глобално социјално суштество, да се пронајде еднаквост во мноштвото индивидуални различности во колективот. Светот, оној цивилизациски, праведен, демократски победнички кој веднаш по втората светска војна, по победата на една од најтемните голготи на човештвото, фашизмот, преку столбот ООН, на новата светска демократска сцена се најави и со сет демократски институции и прокламации како гаранција и како патоказ за новите меѓународни вредности. Меѓу мноштвото материјални и нематеријални алатки посебно впечатлива е аксиомата која потсетува дека сите луѓе се раѓаат слободни и дека се еднакви во правата и достоинството вградена во Универзалната декларација за човековите права и во која се укажува на фактот дека слободите и прaвата се природен дар даруван подеднакво за сите, секаде во светот и во секое време и на секое место.

Уште тогаш, во таа далечна`48 од минатиот век, во ист миг кога светот се уште е преплавен со ентузијазам за нов праведен свет, но и кога повторно, сега левиот тоталитаризам со идентична жестина како десниот фашизмот, ги вјаснува граѓанските, човековите, индивидуалните слободи, во Париз се случи таа нова Макгна карта за еднаквоста на сите луѓе во светот без оглед на расата, нацијата, статусот. Документот го надмина колективитетот, ја поништи толпата, го устоличи граѓанинот. Во меѓувреме, од тој репер на желби за посветол свет, се случија и се случуваат разноразни турбуленции во кој страда поединецот, страда човекот. А кога страда човекот, кога страда само еден човек кој и да е и каде и да е и каков и да е, тогаш настрадува човештвото.

Но, во оваа пригода да му оставиме на светот да се справува со своите страдања и да погледнеме во својот двор. Да видиме што на темите човекови права, еднаквост, рамноправност, правиме ние овде во Република  Северна Македонија?  До каде е нашиот белег што го карактеризира нивото, суштината и карактерот на нашиот општествен амбиент токму на полето на слободите, еднаквоста и правата на секој член на македонската заедница? И, до каде сме со прокламацијата за една држава за едно општество за сите? И, што тоа можеме да му понудиме на светот како наш придонес кон тие, засега се уште утописки но, во секој случај, стремеж кон најцивилизациските вредности?

Република Северна Македонија е мултиетничка, мултикултурна, мултиконфесионална. Република Северна Македонија е цветна градина од човекови бои, од еднаквости во различностите. Со сите дијапазони на социјални нееднаквости, со сите странични етно ксенофобични кошкања па и инцидентни случки и со сите бројни други маргинални или поцентрални искричења врз етно или верска основа, со сите спонтани или политичко партиски спакувани дози национализам и шовинизам, Македонија сепак, се истакнува како вонреден регионален, континентален и светски пример за државна конституција која институционално ги има вградено сите или генерално сите претпоставки за современо организирана заедница адекватна на времето и на потребите на поединецот, на граѓанинот. Во исто време, и на етничкиот, националниот, верскиот или на било која друг организиран општествена колективитет, сеедно. Институционалната поставеност на македонското општество втемелена во македонскиот устав, денес е еталон, образец, примерок, дефиниција за државна конституција која на сите нејзини граѓани базично им нуди еднаквост и рамноправност. Секако, засега само доминантно легислативно, но …

Практиката катадневно регистрира бројни аномалии, прекршувања на човековите права и еднаквости пред институциите. Бирократскиот менталитет таму, чиновничката ароганција вгнездена во институциите, наследениот етатистички карактер на нејзиното величеството држава и тој забуѓосан квази институционален менталитет, се уште се неправедно, непримерно, непростливо арогантно, како темна сенка бесчувствително надвиснати  над секојдневниот човек, граѓанин и бреме врз неговото катадневие, над потребната нужна демократска доза среќа и слобода на човекот граѓанин поединец. Наспроти институционалните прокламации, кај нас се уште нагласено е доминантен тој етатистички менталитет на кој му погодува климата на драстичните социјални нееднаквости и предоминатните егзистенцијални дубиози манифестирани до степен на експлоатација на лојалниот граѓанин од страна на неговата државата.

Политичко партиската бирократија е уште препотентно превисоко над обичниот човек и неговото секојдневие. Партократијата, во содејство со групата етничка, верска или културолошка, сеедно, уште е со влијание предоминатно за вкусот на современата европска демократија олицетворена во веќе децениските традиционални стандардите на здружена Европа. Над човековите изворни природни потреби за социолошка слобода и за институционална кооперативност, и натаму надвиснува видлива закоравена доза државен бирократизам. Тоа, од една, и штапските поттикнувања меѓу национални или меѓу верски нагласоци при секоја не можност политиката да надмине дел од социјалните, економските, материјалните проблеми на македонскиот граѓанин, од друга страна, се уште се прикладни алатки на партиските великодостојници со доза шовинизам, со таа испробаната балканска политичка доктрина, да ја ги држат вкотвени и  државата и општеството.

Во едни такви околности испровоцирани главно од теснопартиски интереси, секогаш надвиснува нееднаквоста. Ексклузивниот статус на моќниот, на силниот, надвладува над егзистенцијално малиот, обичниот  граѓанин па, само поради тој жив факт, за него ниту има еднаквост ниту има достижна правда. Сепак, наспроти таквите појави, институционалната етаблираност на слободата, еднаквоста, рамноправноста, недискриминацијата, е своевидна силна, документирана и уставно заверена гаранција дека македонското општество, со таквата институционално етаблирана легислатива, е на вистинскиот пат, на европски демократски пат.

И дека европските вредности од кошничката човекови права вградени во самиот скелет на конституцијата на државата, е таа отскочна даска, тој замаец кој земјава уште позабрзано ќе ја придвижува кон целите наречени современи европски демократски вредности идентификувани кај граѓанинот поединец – слобода, рамноправност, еднаквост. Бавно но без дилеми, Република Северна Македонија патува кон едно општество за сите, кон држава на едно место за сите.

 


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.


илустрација, специјално за Иницијативата „Обединети во различноста“: Зоран Кардула


Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ