• Latest

Резолуцијата поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, ДУИ и АА воздржани

July 7, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Резолуцијата поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, ДУИ и АА воздржани

July 7, 2021 09:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако деновиве резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ беше поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, се произнесоа и партиите од албанскиот блок. ДУИ бара усогласување на текстот меѓу сите парламентарни партии, додека АА и Алтернатива очекуваат дебата во Собранието.

Но, и владејачката ДУИ и опозициската коалиција Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива укажаа дека треба да се внимава, резолуцијата да не му наштети на евроинтеграцискиот пат на државата.

За АА и Алтернатива е проблем тоа што ДУИ и СДСМ немаат заеднички став околу резолуцијата.

-Има еден проблем. Имавме изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека оваа резолуција и штети на меѓународните тенденции на земјата, но исто така имавме и изјава на пратеникот од СДСМ Костадинов дека оваа резолуција е добра. Логично би било партиите на власта да имаат заеднички став, рече Халил Снопче од коалицијата АА и Алтернатива.

Тој порача Владата да биде внимателна.

– За нас е важно Македонија да продолжи со интегративните процеси, Владата и општеството севкупно да продолжат со залагањата за интеграција во ЕУ, тоа е главна цел. Владата да биде внимателна и во разговорите и во реформите. За нас се многу битни добрите односи во регионот, па следствено и со Бугарија, изјави Снопче.

Според координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми, потребно е усогласување на резолуцијата меѓу сите парламентарни партии како гаранција дека текстот нема да му наштетува на чекорењето на државата кон ЕУ. Тој смета дека не треба да се прави ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата.

-ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање. Следствено, цениме дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата меѓу сите парламентарни партии и да се осигураме дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ, рече вчера Адеми по средбата со пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од Берово порача дека неговата партија ќе даде поддршка на секоја резолуција или декларација со која се штити македонскиот јазик и идентитет. Но, Николовски потсети и дека оваа генерација по три децении зборување и ветување на евроатлантските интеграции, го направи вистинскиот чекор – земјата ја внесе во НАТО со зачуван идентитет, јазик и се што е македонско. Нашето знаме, додаде Николовски, се вее во Брисел, а премиерот седеше со своите колеги и со претседатели на една маса на која и ние имаме глас.

– Станува  јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и се што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање каква било резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период. Големи светски државници пред неколку дена во Охрид пратија порака и констатираа дека нашата земја ги има исполнето сите услови за сето она што треба да го направиме и дека Европската Унија треба да го реши проблемот внатрешно за овие кочници кои ги имаме. Меѓутоа, во ниту еден случај тоа нема да биде во однос на прашањето на јазикот и идентитетот и на сето она кое е македонско и кое е потврдено, изјави Николовски.

ВМРО-ДПМНЕ изрази надеж дека СДСМ ќе остане доследна на кажаното и ќе ја поддржи резолуцијата, без низ собраниски процедури да се обидува да ја кочи и опструира. Потсети и дека во неа се содржани црвените линии со кои се штити идентитетот.

– ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обединува и да ја води Македонија во насока на национално единство и просперитет. Резолуцијата која ја предложивме, а е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси. Оваа Резолуција го отсликува ставот на народот. Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Време е за стабилност во надворешната политика. Време е за Македонија за сите луѓе, наведе ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.

Резолуцијата е се уште во драфт верзија, а ВМРО-ДПМНЕ изминатите денови лобираше кај парламентарните партии да биде прифатена.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ