• Latest

Ристова: Се надевам дека со пописот ќе го положиме тестот на човечност, а знаејќи го менталитетот на граѓаните на општина Гевгелија, сигурна сум дека ќе успееме

March 18, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Ристова: Се надевам дека со пописот ќе го положиме тестот на човечност, а знаејќи го менталитетот на граѓаните на општина Гевгелија, сигурна сум дека ќе успееме

March 18, 2021 16:51
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на пописната комисија за општините Гевгелија и Дојран, Ката Ристова, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ што се одржа во Гевгелија, се осврна на техничкиот дел од пописната операција во овие општини.

-Пописот е од исклучително значење за државата и особено откако во нашата држава дваесет години не е спроведен попис, и некако му доаѓа како да боде во фокусот на вниманието. Затоа сметам дека е одлично што ЦИВИЛ ги организира овие панел дискусии.

Од позиција на претседател на пописната  комисија за реонот 11, можам да споделам неколку информации од технички карактер. Пописниот реон 11 ги сочинува подрачјата на две општини, општината Гевгелија, и општината Дојран. Ако за ориентација ги земеме податоците од пописот од 2002 година, станува збор за пописен реон со околу 25.000 жители, 8.240 домаќинства, и 11.408 станови. Дали и колку овие бројки се релевантни и денес, ќе покаже новиот попис. Според актуелниот закон за попис на населението, за успешно спроведување на пописот во нашиот реон, предвидено е да бидат ангажирани 88 реонски попишувачи, и девет реонски инструктори. На конкурсот за попишувачи за нашиот реон се пријавија вкупно 111 кандидати, за кои тестирањето како комисија за попис  го спроведовме минатиот петок, на 12 март. Битно е да се каже дека во сите досегашни, па и идни активности, каде клучен носител на активноста е реонската пописна комисија, строго се придржувавме и ги почитувавме сите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19. Освен успешното спроведување на пред -пописните и пописни активности, за нас, како реонска пописна комисија, е строго да се почитуваат протоколите, заштита од пандемијата, соодветна лична заштита, дезинфекција, соодветна дистанца итн.

Како новина во однос на овој попис, Ристова ја посочи информацијата дека со новиот Закон за попис во 2021 година, ја нема  веќе онаа стандардна Државна комисија за попис, како централно тело што го бираше Собранието, сите надлежности и одговорноста за спроведување на пописот, се ставени на Државниот завод за статистика, како компетентна и најрелевантна  институција.

На крајот од панелот, Ристова повика на човечност, до сите чинители во државата.

-Се надевам дека со пописот ќе го положиме тестот на човечност, а знаејќи го менталитетот на граѓаните на општина Гевгелија, сигурна сум дека ќе успееме, порача Ристова.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Мелиса Муриќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ