• Latest

Роденденска свеќичка за Скопје

November 12, 2019

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Роденденска свеќичка за Скопје

Мораше ли да ни се случат Никола Груевски и неговиот гипсер Коце Трајановски кои заглибени во своето бездарништво, забеганост и отсуство на чувството за убавото и вредното, извршија геноцид врз Скопје; мораше ли судбината да ни ги додели овие полуписмени несреќници...

November 12, 2019 09:50
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Се разбира, можел да се определи и некој друг датум за роденден на Скопје, но, ете, ние сме го одбрале 13 Ноември, денот на неговото ослободување во 1944 година, па така утре ја ставаме седумдесеттата роденденска свеќичка на славеничката торта на главниот град на Македонија. Нејсе, среќен ти роденден! Ќе го прославиме, повеќе или помалку, како и досега – ќе положиме цвеќе на споменикот на неговите ослободители, ќе го накитиме со знамиња,  ќе пресечеме некоја црвена лента, ќе фрлиме некоја лопата, ќе отвориме некое училиште, детска градинка, уличка, кружен тек, нема да откриеме бронзена фигура на некоја значајна историска личност (оти бронза, по проектот „Груевски 2014“, веќе нема ни за лек), ќе ги поделиме „13 Ноемвриските награди“…,  и ќе го чекаме неговиот следен роденден и него да го одбележиме „свечено и работно“.

Некои, меѓу  кои јас, ќе слават тивко и во себе, патувајќи назад во времето со багажот на сентиментот и носталгијата, сеќавајќи се и учејќи го одново овој град за да може мирно и умно да се живее во него.

Покрај, нели, микроклимата која е постојана, непроменлива и стара, Скопје, горе-долу, има и стара местоположба, стамено Водно, малку поразлична Скопска Црна Гора, непрепознатлив, но сепак Вардар (до коленици, а пловен), стар поглед кон Шар Планина, исто небо, старо-нов градски парк, ново-стар Камен мост, Кале, разурнат Кермес, Езерце што чека дожд, Стара чаршија, некоја заборавена уличка, парче калдрма, осамена липа и костен, Ристиќева палата, Шкаперда, споменици на секој квадратен сантиметар, трошни и жилави куќи и куќарки во Дебар Маало и Маџир Маало… Нешто од старото што останало сигурно заборавив, но списокот е отворен и слободно пополнувајте ги празните места во него или, напросто, читајте го авторитетот Данило Коцевски – старата градска карта, сепак, ќе ви се сведе на скромни белези и скудни димензии.

Да, уверен сум дека многумина (а знам и кои) во ова ќе препознаат искубана четка со која се обидувам да насликам носталгичен, според тоа и анахрон скопски пејсаж, некоја скопска мртва природа на која ѝ поминало времето, а сепак инаетливо сака да ја засени сегашната слика за Скопје и да му се спротивстави на современиот град. Признавам, откриен сум – има во тоа вистина – со „старо Скопје“ (колку излитена синтагма) живеам само во сеќавањата, селектирајќи низ тоа буричкање по меморијата определени вредности, лирски секвенци од младоста, морални кодекси на времето, настани, луѓе, места, улици,објекти, кои, така барем мислам, не би требало да влезат во некој правлив и закатанчен подрум на заборавот.

Што се однесува до ова ново Скопје, еве, да му ја признаам модерноста, односно следењето на логиката на времето, современата форма, напредокот, големината, висината, брзината… И да, конкурентноста со светските метрополи, прифаќањето (или подобро, плагирањето) на тамошните закони, законитости и барања, усогласеноста со современиот начин на живеење, содејството со условите и потребите… Може ли при вакви околности да очекувам поинакви скопјани од овие кои денес виреат во скопскиот „нов Ерусалим“. Па сепак.

Иако свесен дека станува збор за бесплоден обид нешто суштински да се промени и дека ставот ќе ми наиде на потсмешлива реакција, сепак, ризикувам и го форсирам мислењето дека старото,односно традицијата чува определена вредност. Таа, да го парафразирам некогашниот градоначалник на Белград и еден од најголемите европски урбанисти, Богдан Богдановиќ (иако не баш секоја традиција и не каква било), кога ќе се пренесе на вистинскиот начин и во современото, секогаш нуди извесна стратегија за стабилност на чувствата, барањата и гледањата на нештата. И таа не треба да го плаши модерниот човек.

Или, ќе беше ли Скопје помалку убаво, модерно и надвор од светот и векот ако не се уриваше и уништуваше скопски препознатливото за да дојдат на негово место некои (или сите) кичерски објекти, светликави копии на оние од времето на неокласицизмот и барокот, некои, небаре, панаѓурски лицидерски срца со огледалца во кои јасно се огледа суетата и невкусот на архитектите на човечките души. Мораше ли таа гипсена проектно-насилна и криминална стихија да биде посилна од природните, од  скопската поплава и земјотрес – да ги збрише градските јадра кои ја чуваа посебноста, значеа пријателство, зрачеа добрина; значеа  чест и достоинство, зрачеа моралност и неизвалкани вредности.

Мораше ли да ни се случат Никола Груевски и неговиот гипсер Коце Трајановски кои заглибени во своето бездарништво, забеганост и отсуство на чувството за убавото и вредното, извршија геноцид врз Скопје; мораше ли судбината да ни ги додели овие полуписмени несреќници кои никогаш не слушнале за најголемиот светски архитект Ле Корбизие кој се воодушевил од традиционалната македонска куќа тогаш кога влегол во неа.

Па сепак, како и да е, старо или ново, убаво или „поубаво“, го сакам мојот град, му се радувам и утре ќе го славам неговиот роденден. Само на мене е да одберам дали тоа ќе биде „Идадија“ и никој, ама баш никој на овој свет не може да ми го одземе правото да празнувам низ сеќавањата и во минатото.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ