Балтичките вежби на НАТО се дел од подготовките на алијансата за потенцијален воен судир со Русија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко, цитиран од новинската агенција ТАСС, во изјава објавена вчера, пренесува Ројтерс.
„Ја оценуваме воената активност на НАТО како дел од подготовките за воени судири со Русија“, изјави Грушко, цитиран од ТАСС.
Според ТАСС, Гручко вели дека „ако се погледне фокусот на овие вежби, концептот, структурата на распоредувањето на силите, самите сили, нивниот квалитет, задачите што се формулирани за овие вежби, тогаш ова е борба против споредлив противник“, пипува Ројтерс.
БАЛТОПС – годишната вежба на НАТО во Балтичкото Море и регионите околу него – се одржува овој месец.