• Latest
Војо Маневски

Рок културата и ние

February 8, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Рок културата и ние

February 8, 2021 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Две дилеми ја мачеа мојата генерација. Како ќе се пишува и оценува историјата за рокенролот и дали шахот е спорт или е симулација за војна?

Големите теми и реформи ни ја преокупираа јавноста минатата недела. Некако се навикнавме на историски вреднувања на сите дебати што политиката ни ги предложува. Историски модел на реформи во образованието, историски пресврт во реформите на судството, судбински попис и слични големи теми, што ги надминуваат просечните капацитети на сегашните носители на општествените движења. Малите и просечните секогаш бараат компензација во голема галама за своите дела. Големите дела патот сами си го пробиваат веројатно затоа што сѐ големи.

Меѓу парламентарна дебата за образованието и пресовите на Владата за пописот некако срамежливо поминува заспаноста на културата. Една година откако сме под разни ковид мерки, состојбата во културата поминува како вест од партиските кадровски билтени. Поставен нов управен одбор, избран нов директор на институција од културата. Што ли избираат директори кога и онака институциите се одамна во хибернација? Да се авторите во сон и не е така лошо, зошто ако сонуваат, нешто ќе ни пренесат од своите сонови, ама кога театрите и другите домови на културата се заспани, од тој сон будењето е како после попладневна дремка. Најчесто се будиме со главоболка.

Што е културен правец во денешново време без идеали и без идеологии.

Да се поседуваат илјада неискористени нешта околу себе и трката по туристичките места за да си на селфи и со уметничка имагинација, тешко ќе го подведеш под идеал. Замисли си да страдаш за сопствените идеали, а тие сѐ брендирани парчиња гардероба и хотелска соба со поглед на врвот Тодорка на Пирин планина. А можеби во пост модернава и тоа е голем идеал.

А културата е пред сѐ начин на живеење, што во себе ги вклучува и мислењата и филмот и театарот и музиката и модата и го детерминира целиот општествен простор.

Првата дилема од осумдесеттите и генерациите што тогаш се трудеа да му дадат свој печат на времето, остана неразјаснета – шахот спорт ли е? Националната телевизија на крајот на дневникот имаше рубрика – шах и спорт. Ова малку помагаше во почетните позиции, но колку дебатата одминуваше, одговорите на прашањето стануваа меѓусебно заплеткани. Единствена платформа околу која се сложувавме беше – ако војната е спорт тогаш и  шахот е спортска дисциплина. Новите транзициски генерации ја прекинаа дилемата, зошто се зафатија со војни од сите видови, а одговорите не ги најдоа. Кога ќе ги најдат ќе ги прочитаме на Фејсбук.

А, одговорот за втората дилема – дали рок музиката и рок културата ќе биде етаблиран правец во културата на светот. Одговорот го насетуваме, ама генерациски скржаво, не сакавме да го прифатиме. Ако нешто стане сеопшто тогаш не е посебно и не е обележје на тие генерации. Рок музиката, носењето фармерки, сексуалната револуција беше израз на бунт кон правилата кои дотогаш ги одредуваа облиците на комуникација меѓу луѓето. Кај нас во некогашна Југославија сето тоа не беше само бунт на младите, туку и коренито менување на целиот начин на живот.

Денес е тешко објаснив скокот од гумени опинци и клашнени панталони во фармерки од Италија и Борово патики. Од  расправа на селската чешма до разменување на ставови околу тоа, кој е подобар, Битлси или Ролингстонси. И сето тоа за рок од три плати во топилница или во некој од гигантите на индустријализацијата.

Во музиката почнаа да се следат светските музички правци. Според музиката што некој ја слушаше се одредуваше и неговото друштво. Сѐ до појавата на турбо фолкот поделбата одеше на рокери, панкери, шминкери други музичко модни правци. Тоа како да го одредуваше и размислувањето на припадниците на таквите културолошки појави.

Зошто овие сеќавања би биле важни за денешната состојбата во културата? Штом живееме во глобално општество и ние мораме да си го бараме своето место во него. Ако нашите музичари свират по дискотеки и барови, а почесто и на свадби и веселби, дометот на нивните креации е до таму. Ниту е  елитистичка култура, ниту е популарна култура. Станува додаток на расположението. Зошто беше важна рок културата од минатиот век за нас?

Едноставно затоа што таа беше копче со кое се закачувавме на светските движења  во популарната култура, како што тогаш ја нарекуваа. Леб и сол свиреше во Америка, а седум осминскиот такт побудуваше интерес за поднебјето од каде доаѓа таа музика. И Денес во архивите на неделникот Џубокс може да се прочита  критика за музиката на Ден за Ден. Прогресивна фузија на музичко умеење и бескрајна имагинација е констатација на критичарот. Колку само групи се обидуваа да го изградат својот стил и да снимат плоча.

Среќа е што ентузијазмот на Тошо Филиповски ќе ги оттргне од заборавот. Напиша Рок енциклопедија каде се архивирани скоро сите обиди за рок музичкиот израз. Дури сега имам чувство дека рок наследството стана елитизам и одредница на урбаните ликови измешани со транзициски безлични конфекциски членови на партии и здруженија. Сведоштво за едно време кога албумот на Пинк Флојд “Ѕид“  го слушавме во домашно издание, само неколку недели по промоцијата во Лондон.

Барем една енциклопедија да заживее. Онаа на МАНУ сѐ загуби во преводот. Кога се раситнува и третата декада на новиот век некогашната популарна култура стана сеопшт начин на живеење. Најуспешните творби од шеесеттите, седумдесеттите и подоцнежните декади се веќе класици во светската култура.

Музиката на Битлси, Ролингстонси, Пинк Флојд, Лед Цепелин се изведува пред претседатели и премиери, а некогашните бунтовници стекнуваат благороднички титули. Деним платното од кое се шијат фармерките и другите делови од облека со индиго боја сѐ повеќе се проткајуваат со разни растегливи материи и се носат на приеми и големи манифестации  придружувани со смокинзи и листери.

Па како тогаш ние што уште пред половина век бевме дел од таа тектонска промена на планетарната култура стигнавме до автархичност на етнолошкото наследство, на расправија околу тоа чија е песната и како се чувствувал народниот гениј  по националност. Каде се раскопча копчето со кое бевме закопчани за светот.

Како ни е толку важна посебноста, а не ни е важна прифатливоста на  нашата посебност во светот. Се уплашивме од големиот свет изгледа, па се затвораме во своите плетени кошови низ кои дува промаја.

Овде некаде е и одговорот на расправата за шахот и спортот. Шахот има натпреварувачки карактер, ама до натпреварувањето пред сѐ е систем на проценка на сите правци на движење и шанса да се остварат со што помали губитоци.  Одлуката треба да се донесе пред да истече времето.

Фармерки носиме веќе половина век, здолништата се скратени според потребата, песните на Бјело Дугме ги пее веќе третата генерација, а шах не научивме да играме. Да знаевме, немаше да даваме кралица за коњ.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ