„Украинците демонстрираа неспоредлива храброст, решителност и отпорност. И денеска додека овде зборуваме лидерите земјите од ЕУ и други лидери од Европа, како и канадскиот премиер се во Кијив. Не само да ја покажат силната поддршка на ЕУ за Украина и да пренесат со уште колку средства ќе помогнат, дополнително на оние 136 милијарди со кои веќе сме придонеле, туку да бидеме дел од долг, праведен мир, со кој ќе се почитува суверенитетот на Украина и кој ќе ги обезбеди сите неопходни безбедносни гаранции#“ изјави Михалис Рокас, Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија.
„Не смееме да заборавиме дека во оваа војна има еден агресор, во оваа војна има брутален агресор со империјалистички и ревизионистичарски намери. Во оваа војна има една жртва, а тоа е Украина. Украина денеска, како и секој ден во овие три години се бори за европските вредности и за Европа“, додаде Рокас.
Б. Ј.