• Latest
фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Ромски образовни медијатори за прв пат и во средното образование – поддршка за инклузија и успех на учениците Роми

December 24, 2025
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ромски образовни медијатори за прв пат и во средното образование – поддршка за инклузија и успех на учениците Роми

December 24, 2025 14:24
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
фото: Фејсбук на Весна Јаневска

фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Share on FacebookShare on Twitter

Откако минатата учебна година беше зголемен бројот на ромски образовни медијатори во основното образование од 40 на 50 лица кои им помагаат на младите Роми да се вклучат во воспитно – образовниот процес и да нема осип на ученици од училиштата, оваа година за прв пат, Министерството за образование и наука воведе ромски образовни медијатори и во средното образование.

Преку јавен повик беа одбрани 20 лица кои ќе работат со средношколци од ромската етничка заедница во надминувањето на образовните и други предизвици со кои тие се соочуваат во секојдневието. Тие денес ги потпишаа договорите за работен ангажман и се сретнаа со министерката за образование и наука, Весна Јаневска која изрази благодарност за нивната желба и подготвеност да се вклучат во заложбите за подигнување на инклузивноста на националниот образовен систем и им посака успех во работата.

„Имаме голем успех со ромските образовни медијатори во основното образование. Очекувам и вие да бидете ефикасни во работата, која е многу благородна. Разговарајте со родителите, градете добар однос со училишните служби, вклучувајте ги во училиштата оние кои не се на настава и помагајте им во образувањето и во остварувањето на сите други права. Важно е да имаме што поедуцирано население, бидејќи знаењето е основната алатка за успех“, рече Јаневска, додавајќи дека во тек е јавен повик за ангажирање на дополнителен број медијатори.

Министерката посочи дека зголемувањето на инклузијата на децата Роми во основното и во средното образование е програмска определба на Владата и затоа, освен поддршката преку образовните медијатори, заложбата за спречување на дискриминацијата и сегрегацијата, се зголемува и поддршката преку стипендирање на нивното образование.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ