• Latest

РСЕ: Визна либерализација за Косово најверојатно на 1 ноември 2023 година

November 10, 2022

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

РСЕ: Визна либерализација за Косово најверојатно на 1 ноември 2023 година

November 10, 2022 18:30
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Членови на работната група за визи на Европската унија се чини дека ги приближија ставовите и постигнаа договор за компромисен текст, според кој визната либерализација за Косово ќе стапи на сила најдоцна од 1 ноември следната година и во случај до тој датум дигиталниот систем ЕТИАС да не биде целосно функционален.

Според извори на РСЕ, пренесува МИА, таа формулација ги задоволила сите страни, кои биле поделени во две групи: една предводена од Франција која инсистирала визната либерализација да биде директно поврзана со ЕТИАС и друга група која сметала дека Косово не може да ги трпи последиците доколку дотогаш ЕТИАС не биде оперативен.

Работната група експерти од земјите членки на ЕУ се состана по вторпат денеска, во обид да се постигне договор за конечниот текст за визна либерализација за Косово.

На првиот состанок одржан на 13 октомври, Франција побара визната либерализација да биде директно поврзана со системот ЕТИАС.

Чешкото претседателство со Европската унија треба да подготви нов нацрт на текстот, кој наскоро треба да биде усвоен по таканаречената тивка процедура. Станува збор за поедноставена писмена постапка според која актот се смета дека е донесен на крајот од мандатот определен од Претседателството, освен ако некоја земја-членка не се противи на тоа.

Не се знае каква прецизна формулација ќе состави чешкото претседателство, но извесно е дека ќе се спомене ЕТИАС како и рокот (1 ноември) за стапување во сила на визната либерализација, за да се избегне ново одложување на укинување на безвизниот режим, доколку дотогаш не е воспоставен ЕТИАС.

По истекот на рокот за тивката процедура, која подразбира усвојување на текстот, визната либерализација преминува од експертско на политичко ниво, почнувајќи од амбасадорите на земјите членки на ЕУ. За ова прашање треба да разговараат на крајот на ноември.

Потоа треба да се одржи таканаречен тријалог во кој учествуваат сите три институции на ЕУ: Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Таа  одлука треба да биде одобрена од Европскиот парламент и Советот на министри на ЕУ, каде што одлуката се носи со квалификувано мнозинство, што значи 55 отсто од земјите-членки кои поддржуваат 65 отсто од целокупното население на ЕУ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ