• Latest

Рујните солзи на македонскиот лав

December 7, 2016

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рујните солзи на македонскиот лав

December 7, 2016 15:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не знам дали испив некоја чашка повеќе, но на еден ѕид на улицата „Партизанска“ пишува: ‘Македонија до Индија’. Преку еден париски мост ги гледам контурите на Белата куќа. Римската фонтана. И градилишта кои ветуваат уште повеќе, од сето тоа…“, ги опишува во својата колумна, импресиите за „политичкиот концепт на правење на ‘постаро и поубаво’ Скопје“, новинарот и писател Драгослав Дедовиќ, уредник на српската редакција на Дојче Веле. 

Првпат бев во Македонија на матурска екскурзија. Во Старата Чаршија во Скопје, во таа 1983 година, очекував дека, наслушнувајќи ги разговорите на луѓето, ќе разберам повеќе. Прво помислив дека македонскиот е потежок од словенечкиот, а потоа, разбрав дека, всушност, слушам албански и затоа ништо не разбирам. Во еден струшки хотел за првпат пиев македонско вино. Социјалистичките алкохолни пијалоци беа евтини и произведуваа главоболка. Мојот прв мамурлак во животот беше тој струшкиот, најтежок.

Една година по таа екскурзија која нé водеше по „патеките на револуцијата“, од Тузла до Струга и назад, седев во касарната и муабетев со Македонците. Минуваше здодевен загрепски викенд, старешините се занимаваа со своите жени и деца, дежурниот офицер се запиваше во својата канцеларија, а ние, војниците на ЈНА, распашани и премлади за нешто да мезиме, го пиевме на празен желудник истото она македонско вино. Го купувавме кај некој Босанец, во продавничката зад жицата. Во војска, човек се навикнува на сешто, па и на тешки мамурлаци.

spomenikot-kaj-katolichka

Позитивниот дух на моите македонски другари и целосното отсуство на агресивност кај нив, ми беа симпатични. Ним им беше непознато динароидното курчење. Таа питомост пленеше. Нешто од ведриот, а меланхоличен штимунг провејуваше и низ македонските народни песни. Влатко Стефановски со својата синтеза на фолк и џез-рок ми го покажа патот по кој ќе тргне мојот музички вкус, откако ќе се засити од хард-рок и психоделија.

Долго имав симпатии за Македонија од далеку. Потоа, дојде 1991 година. Младата поетска репрезентација на Босна и Херцеговина настапуваше на Струшките вечери на поезијата. Првпат во животот летав, прво од Белград, со педантна и модерна машина на новооснована словенечка компанија. А потоа, за Скопје со летало на новооснована македонска компанија. Најпрвин, мислев дека на седиштата се испишани реченици на руски. Излезе дека биле на бугарски. Некој ми кажа дека Македонците купиле расходувани бугарски машини за да држат чекор со југословенските републики, кои во основањето на авио компании видоа национален престиж.

Поматно сивата боја.мозолчињата-спојки по шевовите и реата на воен магацин, овој авион ме потсетина птицата која во филмот „Казабланка“ ја одведува Ингрид Бергман. Освен неколку помали пропаѓања и искачувања, промени на звукот на пропелерите и тресењето, летот беше сосема пријатен.

ace-nash-niz-triumfalna

 

Да скратам. На Охридското езеро беше прекрасно. Васил Тупурковски во бел костум го отвори фестивалот на поезијата, надвор пред масата луѓе Радован Павловски викаше во микрофонот, а словенечката екипа отпатува најрано, оставајќи ни нам од братските републики полна кеса фин зелен канабис.

Потоа, откако ја напуштив Југославија во распад, во Нирнберг се дружев со Зоран, Македонец кој една година пред моето доаѓање во егизл во Германија, побарал азил затоа што не сакал војна која не е негова. Во слободно време, се тепаше со Грци по нирнбершките крчми. Тоа беше првиот знак дека и питомите луѓе можат да полудат.

На ред дојдоа средбите со сликарот кој се викаше Ице. Во Ахен ги собра сите раскарани браќа; езотеричните сонца и слики-икони на ѕидовите на неговото ателје, имаа нешто смирувачко за заедницата на поранешните Југословени, желни за дружење.
Некаде кон почетокот на втората деценија на вториот милениум, работата повторно на кратко ме одведе во Македонија. Запознав возач на автобус кој преживеал напад на албанските бунтовници. Луѓето кои ги превезувал, немале толку среќа. Додека ми ја раскажуваше својата приказна, очите му се полнеа со солзи. Него го прогонуваа сеќавањата на мртвите патници, а мене, понекогаш, сеќавањето на неговото бескрајно тажно лице. Потоа, во Охрид пробав незаборавна јагула која ја подготви мајка на мој албански колега. Еден германски колега ме сними со неговиот паметен телефон додека од музичарите ја нарачувам „Зајди, зајди“. Таа снимка подоцна, поднапиен, ја избриша. Во истиот Охрид, се вратив повторно кога мојата германска фирма организираше посета на Македонија. Во еден охридски ресторан го слушнав најдобриот кафеански оркестар во животот.

Првата средба со новото Скопје се случи пред неколку години. Политичкиот концепт на правење на „постар и поубав“ град ме изненади. И пред некој ден, повторно го обиколив тоа чудо. Напреднало.
Сфатив дека грандоманијата е обид за ослободување од клаустрофобијата. Од југот не ви го признаваат името. Од север – црквата. Од западот ве посакуваат до половина, а од исток – цели. Таа опсадна состојба, од добар дел од најпитомите луѓе од поранешна Југославија создаде инаетчии. А се појавија и партии кои тој инает го прокнижија како мегаломански политички капитал.

lavot
Кафеаните и натаму се прва класа. Луѓето во секојдневието и натаму се срдечни. Но, во општата слика нешто опасно се помрдна од Ерос кон Танатос. Особено во Скопје.
Не знам дали испив чашка повеќе, но на еден ѕид на улицата Партизански одреди пишува: Македонија до Индија! Во вечерната прошетка гледам огромни насукани бродови на брегот на Вардар. Потоа, преку еден париски мост, забележувам контури на Белата Куќа. Една римска фонтана. Огромни камени луѓе со пушки, со јатагани или со царски инсигнии. Ја гледам најголемата партиска централа во Европа. И градилишта кои ветуваат уште повеќе од сето тоа. Лондонски автобуси од кинеско производство.

Под еден џиновски коњаник го гледам македонскиот лав.

Неговите крвави солзи ме трогнаа.

И затоа го пишувам сето ова, како љубовна изјава за една земја која месечари на работ на стварноста.

 


(Колумната ја објавуваме со дозвола на авторот)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ