Додека Трамп и Путин се среќаваа во Алјаска, Русија лансираше 85 борбени беспилотни летала и балистичка ракета насочена кон територијата на Украина, соопштија украинските воздухопловни сили во саботата, објави Гардијан.
Териториите на фронтовската линија во регионите Суми, Донецк, Чернихив и Дњепропетровск беа цел на ноќните напади, соопштија воздухопловните сили на апликацијата за пораки Телеграм. Тие наведоа дека нивните единици за воздушна одбрана уништиле 61 од беспилотните летала. Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот дневен утрински извештај соопшти дека на фронтовската линија во текот на изминатиот ден се случиле 139 судири.
Во меѓувреме, руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана на земјата, соопштија дека руските системи за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 29 украински беспилотни летала преку ноќ над различни руски региони, вклучувајќи 10 соборени над Ростовската област.
Д. Т.