Во текот на ноќта Русија употреби повеќе од 300 борбени дронови и над 30 ракети од различни видови против мирни украински градови, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, пренесе Укринформ.
„Синоќа, нашите војници од различни единици одбија уште еден руски напад. Повеќе од 300 ударни беспилотни летала и над 30 ракети од различни видови беа лансирани врз нашите градови. Елиминирањето на целите сè уште е во тек – беспилотните летала остануваат во воздух“, напиша Зеленски.
Тој нагласи дека спасувачките операции сè уште се во тек по нападот. Регионите Донецк, Кирооград, Днипропетровск, Суми, Херсон, Волин, Запорижја, Николаив, Одеса и Житомир беа погодени.
Д. Т.