• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Русинка обвинетa за „екстремизам“ поради објавување слика на виножито на Инстаграм, хомофобијата стана официјална политика на Кремљ

January 31, 2024
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Русинка обвинетa за „екстремизам“ поради објавување слика на виножито на Инстаграм, хомофобијата стана официјална политика на Кремљ

Најзагрижувачки е тоа што конзервативната политичка парадигма на Кремљ поттикна бран на хомофобични напади, омраза и дискриминација. Според истражувањето спроведено од Александар Кондаков, има значително зголемување на бројот на злосторства од омраза по усвојувањето на законот за забрана на дистрибуција на ЛГБТК пропаганда на деца во 2013 година. Полицијата не нуди доволна заштита од насилство против ЛГБТК, а полицајците дури и самите го овековечуваат.

January 31, 2024 11:04
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Русија покрена обвиненија за екстремизам против 33-годишна жена според новите закони кои ја криминализираат поддршката за ЛГБТК заедницата, соопшти во вторникот група за права „Перви Отдел“.

Како што пренесува Кијив пост, Врховниот суд го забрани „меѓународното ЛГБТ движење“ во ноември, велејќи дека неговите активисти треба да се сметаат за екстремисти, зацврстувајќи ја репресијата на Москва врз маргинализираните групи.

„33-годишната локална жена е обвинета за „прикажување симбол на екстремистичка организација“, соопшти групата за права на „Перви Отдел“.

Судските документи ја именуваа жената како Ина Мосина, жителка на југозападниот град Саратов.

„Первиј Отдел“ соопшти дека на Мосина и се заканува затворска казна до 15 дена или парична казна до 2.000 рубли (22 долари).
Мосина вели дека случајот е неоснован и дека сликата била објавена пред да стапи на сила декретот на Врховниот суд, соопшти групата за права.

Медиазона, веб-страница која покрива судски случаи во Русија, објави дека судијата ја прашал Мосина:

„Од каде ја црпиш оваа уметничка инспирација?“

„Од мојата глава“, одговорила таа.

„Перви Отдел“ тврди дека случајот против Мосина го прекршува рускиот устав, кој гарантира слобода на мислење.

Во соопштението се вели дека кривичното дело против неа е отворено откако полицаец пронашол слика на виножито на нејзината страница на Инстаграм. Следното рочиште е закажано на 5 февруари.

Русија станува сè понепријателска средина за маргинализираните групи, при што претседателот Владимир Путин го застапува она што Москва лабаво го дефинира како „традиционални семејни вредности“. Големата воена интервенција на Москва во офанзивата во Украина често се прикажува во Русија како борба против западните либерални вредности.

Иако по падот на Советскиот Сојуз, во Русија беа направени неколку законски измени кои ги зајакнаа правата на ЛГБТК, но, иако овие промени имаа позитивно влијание во текот на 1990-тите, нивното наследство во голема мера беше уништено за време на владеењето на Владимир Путин.

За никого во овој момент не е новост дека Русија стана озлогласен промотор на „традиционалните вредности“ и негирач на родовите норми и правата на ЛГБТК. Навистина, сега се поставува прашањето дали овие права веројатно ќе бидат дополнително еродирани, пишува Раџана Бујантуева во ЛСЕ.

Конзервативен пресврт на Русија

Во декември 2022 година, новиот закон против ЛГБТК беше потпишан од претседателот Владимир Путин, со кој се забранува „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи“ за сите возрасни групи. Според руските пратеници, позитивните, па дури и неутралните прикази на истополовите односи во медиумите, рекламите, книгите, филмовите и другите извори може да се сметаат за „пропаганда“ во овој контекст и треба да бидат забранети.

Секој јавен чин или спомнување на теми или симболи поврзани со ЛГБТК потенцијално може да се смета како пропаганда. Секој што ќе биде прогласен за виновен за прекршување на законот може да биде казнет со парична казна до 400.000 рубли (5.050 евра), со многу повисоки казни за организациите и новинарите. Новиот закон го проширува законот донесен во 2013 година со кој се забранува дистрибуција на таква пропаганда меѓу децата. Ова законодавство против ЛГБТК е резултат на конзервативниот пресврт на Русија во 21 век.

Во последната деценија, руската држава започна насилно промовирање на конзервативизмот, кој се гради врз следниве принципи: акцент на државните интереси, почитување на авторитетот, религијата како духовна сила, патриотизмот како морална основа, руската посебна улога заснована на нејзините уникатни традиции и вредности и хетеронормативни поими за родот и сексуалноста. „Традиционалното семејство“ и патријархалните идеали ефективно се претворија во прашање на национална безбедност и опстанок.

Во ноември 2022 година, „руските традиционални духовни и морални вредности“, вклучително и традиционалното нуклеарно семејство, добија правна заштита. Нехетеронормативноста е прикажана како западен феномен кој е против „традиционалните вредности“ и ја загрозува руската нација.

Руската политичка елита и медиумите контролирани од државата го усвоија наративот на Западот користејќи ги правата на ЛГБТК како алатка за поткопување и дестабилизација на земјата. Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност, предупреди дека Западот агресивно ги наметнува неолибералните вредности како што се истополовите бракови на другите земји за да ги замати традициите, верата и историската генерациска меморија што се развивале низ вековите.

ЛГБТК правата како геополитичка алатка

На овој начин, рускиот конзервативизам прерасна во геополитичка агенда изградена на непријателство кон Западот, што можеме да го забележиме во руската агресија во Украина. Путин постојано ги оправдуваше воените дејствија на Русија наведувајќи ја потребата да се брани земјата од деградацијата предизвикана од Западот, пишува Бујантуева.

За време на својот говор по повод анексијата на четирите украински региони (Донецк, Луганск, Херсон и Запорижја), Путин ја прогласи Русија за заштитник на традиционалните вредности од западниот либерализам, што го спореди со „сатанизам“. Тој ја наслика војната во Украина како праведна и одбранбена војна против штетните западни либерални вредности, вклучувајќи ги родовите норми и ЛГБТК правата:

„Дали сакаме овде, во нашата земја, во Русија, наместо мама и тато да имаме родител број еден, број два, три? ? Да се тапаат во нив дека освен жени и мажи има демек некој друг пол? Да ви понудат операција за промена на полот? Имаме поинаква иднина, нашата иднина“.  изјави тогаш Путин

Непријателството на Кремљ кон Западот е неповратно испреплетено со зголемениот авторитаризам, кој се манифестира во зајакнување на репресијата и ограничувања на политичките слободи. Западот се смета дека влијае врз критичарите и противниците на режимот. За да се блокира оваа замислена закана од Западот, „законот за странски агенти“ стана моќен инструмент за репресија со кој располага руската влада. Во денешно време, секој „под странско влијание“ и чии активности „кои се во спротивност со националните интереси на Русија“ може да биде означен како „странски агент“.

Со други зборови, секоја јавна критика на руската политика или функционери може да биде причина да биде прогласен за „странски агент“. „Странско влијание“ е нејасно дефинирано како секаков вид поддршка од странство, како што се финансирање, информативна и техничка помош и „други средства“. „Странските агенти“ се исклучени од клучните аспекти на јавниот живот, вклучувајќи ја државната служба, учеството на избори, па дури и наставата.

Бранителите на ЛГБТК правата се меѓу најчесто вклучените на листата на „странски агенти“, што ја комплицира нивната работа и ги стигматизира во очите на јавноста. Терминот „странски агент“ има негативни конотации како што се „шпион“, „непријател“ и „предавник“. Во комбинација со забраната за „ЛГБТК пропаганда“, законот за „странски агенти“ во голема мера ја попречува работата на ЛГБТК активистите и застапниците за човекови права.

Сепак, има надеж

Конзервативниот авторитаризам на Путин имаше големо влијание врз актуелната социо-политичка клима во земјата, олеснувајќи ја цензурата на ЛГБТК темите, забраните на ЛГБТК настаните и јавната хомофобија поддржана од државата. Руските власти постојано ги забрануваа парадите на гордоста и другите настани, одбиваа да регистрираат ЛГБТК организации и издаваа хомофобични изјави.

Најзагрижувачки е тоа што конзервативната политичка парадигма на Кремљ поттикна бран на хомофобични напади, омраза и дискриминација. Според истражувањето спроведено од Александар Кондаков, има значително зголемување на бројот на злосторства од омраза по усвојувањето на законот за забрана на дистрибуција на ЛГБТК пропаганда на деца во 2013 година. Полицијата не нуди доволна заштита од насилство против ЛГБТК, а полицајците дури и самите го овековечуваат.

Руската држава цврсто ја гази ЛГБТК заедницата, прикажувајќи ја нехетеронормативноста како прашање на безбедноста и опстанокот на нацијата. Неодамнешната забрана на ЛГБТК пропагандата најверојатно дополнително ќе ги комплицира животите на ЛГБТК Русите, што потенцијално ќе доведе до поголема ЛГБТК имиграција. Оние кои ќе останат може да бидат принудени „да се вратат во плакарот“. Најверојатно, ЛГБТК заедницата ќе мора да прибегне кон тактиката од советската ера да се потпира на претпазливост и дискреција за состаноци и собири.

ЛГБТК заедницата стана погодно жртвено јагне во обидите да се изгради патриотски конзерватизам. Сепак, не треба да претпоставуваме дека руското општество е широко хомофобично. Популарноста на видеата на TikTok со ЛГБТК содржина кај младите Руси може да послужи како позитивен индикатор за тоа. Популарноста на ваквите видеа покажува дека има надеж кај помладата генерација, која можеби допрва ќе се стреми да воспостави полиберализирана иднина за Русија каде што правата на ЛГБТК се признати и заштитени.

 

Подготви: Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЛГБТмаргиналисирани групирепресијаРусијахомофобијачовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ