• Latest
Фото: Дејв Френкел/Твитер

Русите судови изрекуваат апсурдни пресуди на лица означени како екстремисти, само затоа што прикажувале ЛГБТ симболи

February 2, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Русите судови изрекуваат апсурдни пресуди на лица означени како екстремисти, само затоа што прикажувале ЛГБТ симболи

Русија ги изрече првите пресуди според законот против „ЛГБТ движењето“. Руските судови почнаа да осудуваат луѓе кои прикажуваат симболи поврзани со „ЛГБТ движењето“ означено минатата година како екстремистичко

February 2, 2024 15:06
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Дејв Френкел/Твитер

Фото: Дејв Френкел/Твитер

Share on FacebookShare on Twitter

Два руски суда оваа недела ги изрекоа првите пресуди во врска со она што владата го нарекува „меѓународно ЛГБТ социјално движење“ кое минатата година беше означено како екстремистичко.

Во четвртокот, судот во јужниот регион на Волгоград прогласи за виновно едно лице за „прикажување симболи на екстремистичка организација“ откако објавил фотографија од ЛГБТ знаме на интернет, објави прес-службата на судот, пренесува Гардијан.

Човекот, познат само како Артјом П, кому му беше наложено да плати казна од 1.000 рубли (8,69 фунти), ја призна вината и се покаја, велејќи дека ја објавил сликата „од глупост“, соопшти судот.

Во понеделникот, друг суд, во Нижни Новгород, источно од Москва, осуди жена на пет дена административен притвор за носење обетки во облик на жаба на кои се прикажува слика на виножито, соопшти Егис, група за права на ЛГБТ лицата.

Жената била повикана во полициска станица откако маж се снимил како ѝ приоѓа во кафуле и барал да ги извади обетките и го објавил тоа на интернет.

Следната недела во Саратов, југозападна Русија, ќе продолжи судењето на 33-годишна жена, за која ЦИВИЛ МЕДИА објави дека била обвинета за екстремизам според новите закони кои ја криминализираат поддршката за ЛГБТК заедницата, откако објавила слики од знамиња со виножито на Инстаграм.

Знамето на виножитото ја претставува заедницата на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови лица. Рускиот закон забранува секој во земјата да ги „прикажува симболите“ на организациите што ги смета за екстремистички, список што ја вклучува и социјалната мрежа Мета.

Врховниот суд на Русија го забрани „ЛГБТ движењето“ во ноември минатата година, продолжувајќи ја шемата на зголемени ограничувања за изразување на сексуална ориентација и родов идентитет.

Законот усвоен минатиот јули ги забрани правните или медицинските промени на полот за трансродовите Руси, а законот за забрана на промовирање на „нетрадиционални“ сексуални односи е на сила повеќе од една деценија.

Како што објави предходно ЦИВИЛ МЕДИА, русија станува сè понепријателска средина за маргинализираните групи, при што претседателот Владимир Путин го застапува она што Москва лабаво го дефинира како „традиционални семејни вредности“. Големата воена интервенција на Москва во офанзивата во Украина често се прикажува во Русија како борба против западните либерални вредности.

Иако по падот на Советскиот Сојуз, во Русија беа направени неколку законски измени кои ги зајакнаа правата на ЛГБТК, но, иако овие промени имаа позитивно влијание во текот на 1990-тите, нивното наследство во голема мера беше уништено за време на владеењето на Владимир Путин.

Во последната деценија, руската држава започна насилно промовирање на конзервативизмот, кој се гради врз следниве принципи: акцент на државните интереси, почитување на авторитетот, религијата како духовна сила, патриотизмот како морална основа, руската посебна улога заснована на нејзините уникатни традиции и вредности и хетеронормативни поими за родот и сексуалноста. „Традиционалното семејство“ и патријархалните идеали ефективно се претворија во прашање на национална безбедност и опстанок.

Конзервативниот авторитаризам на Путин има големо влијание врз актуелната социо-политичка клима во земјата, олеснувајќи ја цензурата на ЛГБТ темите, забраните на ЛГБТ настаните и јавната хомофобија поддржана од државата. Руските власти постојано ги забрануваа парадите на гордоста и другите настани, одбиваа да регистрираат ЛГБТК организации и издаваа хомофобични изјави.

Најзагрижувачки е тоа што конзервативната политичка парадигма на Кремљ поттикна бран на хомофобични напади, омраза и дискриминација. Според истражувањето спроведено од Александар Кондаков, има значително зголемување на бројот на злосторства од омраза по усвојувањето на законот за забрана на дистрибуција на ЛГБТК пропаганда на деца во 2013 година. Полицијата не нуди доволна заштита од насилство против ЛГБТК, а полицајците дури и самите го овековечуваат.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Русинка обвинетa за „екстремизам“ поради објавување слика на виножито на Инстаграм, хомофобијата стана официјална политика на Кремљ

Tags: ЛГБТмаргинализирани групирепресијаРусијасудски пресудихомофобијачовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ