Веројатно за да испрати порака дека е во состојба да продолжи со business as usual, Путиновите сили лансираа жесток ракетен напад, осми по ред во текот на овој месец, врз главниот град на Украина, Кијив, околу 2:30 по полноќ на 24 јуни.
Најмалку тројца цивили го изгубија животот од остатоците на ракетите кои беа пресретнати од украинската воздушна одбрана, соопштија кијивските власти.
Русите лансираа повеќе од 20 крстосувачки ракети насочени против цивилни цели во Кијив, во обид да покажат дека растечкиот конфликт меѓу Путин и неговиот довчерашен пријател и миленик Пригожин немаат влијание врз нивните воени операции.

















